Според Виктор Орбан треба да започнат преговорите со Македонија за членството во ЕУ и НАТО

За фотографии кликнете овде.
За видео од говорот на Орбан и Колоски, кликнете овде.

Вчера, 25ти јуни, во Унгарскиот Парламент Виктор Орбан апелираше за што побрзо започнување на преговорите за членство на Македонија во Евроспката Унија и НАТО, кога Методија Колоски, Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора му ја предаде наградата која е наречена по еден од најпознатите борци за слобода во Македонија, Гоце Делчев. На доделувањето, по 30 минути состанок со Премиерот Орбан, присуствуваа и член на Советот на Обединетата Македонска Дијаспора, Елизабет Наумовски, како и шарж де афер на Македонската Амбасада при Будимпешта Илјаз Фета.

Најпрестижната награда организирана од Обединетата Македонска Дијаспора, која ги обединува сите македонци низ целиот свет, се доделува на оние чија јавна дејност има големо влијание врз македонскиот народ.

На предавањето на наградата Виктор Орбан рече: Македонија се посвети на членството во ЕУ и НАТО, се подготви, ги заврши сите потребни задачи. Затоа неразбирливо е зошто Унијата и Северно-атлантскиот сојуз “гради” еден таков долг кон балканската држава, што и покрај тоа што признава, дека Македонија е подготвена за приклучување, сепак не ги започнува преговорите со неа. Напомена, дека и причината за тоа е позната: дебатата за името помеѓу Македонија и Грција.

Но според ставот на Унгарија, постоечката дебата за името со Грција не може да биде пречка за започнување на преговорите со Македонија за членство во ЕУ и покана за НАТО – изјави Премиерот.

Суштината на дебатата за името е тоа, дека Грција, тоа што уставното име на поранешната југословенска членка-република е Република Македонија, го смета како прикриена тензија за територии, бидејќи името на една од провинциите во северна Грција, која е соседна со Македонија се вика исто така Македонија.

Премиерот во својот говор потсети, дека и покрај тоа што со децении македонците и унгарците живееле во различен комунистички систем, сепак и македонците страдаат од исти работи како и унгарците, како на пример недостаток на слобода, запоставување на националната култура и немање на право на слободно движење. Затоа Унгарија поради “чувството на заедничката судбина” се залага за случајот на Македонија на меѓународната сцена – изјави.

Виктор Орбан наградата ја окарактеризира како награда доделена на цела Унгарија од страна на целиот македонски народ. “Ваквите награди го симболизираат и тоа, дека борбата за слобода никогаш не е безнадежна” – рече Премиерот.

Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, која е невладина организација, рече: со наградата е признаена работата на Виктор Орбан со што беа помогнати напорите на Македонија за интеграција, како и работата во интерес на зацврстување на унгарско-македонските односи, особено на економско поле.

“Одлучни и добри пријатели сме ѝ на Унгарија” – нагласи Методија Колоски, Претседателот кој ја предаде наградата.