ОМД: делото на претседателот Трајковски продолжува да живее и 10 години по неговата трагична смрт

Во сеќавање на претседателот Борис Трајковски кој трагично загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година, ОМД ја објавува следната изјава:

“Претседателот Трајковски засекогаш ќе остане запаметен како скромен, храбар и решителен човек, со глобална визија за Македонија кој секогаш ги ставаше својата земја и народ пред неговата лична слава. ОМД верува дека визијата на претседателот Трајковски за општество засновано врз демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно општество засновано врз доверба ќе надвладее, и Македонија ќе биде дел од евро-атланските институции. За време на кофликтот во 2001 година, претседателот Трајковски го повика народот во Македонија да ги избере гласачките кутии, а не куршумите.”

“Претседателот Трајковски беше неуморен поборник за целосно признавање на македонското уставно име од меѓународната заедница, и го постави патот за признавањето од страна на САД во ноември 2004 година, кое за жал не успеа да го доживее. Трудот и делата на престедателот Трајковски ќе продолжат да живеат преку политиките за кои тој се бореше: мултикултурн дијалог, верската слобода и образовен и професионален развој на младите. Понатаму, работата и активностите на неговата сопруга и поранешна прва дама на Македонија Вилма Трајковска како и на Фондацијата “Борис Трјаковски” е исклучителна. Покрај за гореспоменатите политики Фондацијата се залага и за едукација и спречување на рак на дојката. Г-ѓа Трајковска неодамна ја посети канцеларијата на ОМД во Вашингтон, каде ОМД и се заблагодари за нејзината посветеност кон продолжувањето на делата на Претседателот Трајковски. Подолжувајки ја посветеноста и делата на претседателот Трајковски по кои секогаш ќе го паметиме, Г-ѓа Трајковска преставува една од најдобрите македонски државници и јавни службеници.”