ОМД реагира на најновата резолуција на Европскиот Парламент

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува резолуцијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент предводена од Ричард Ховит, во која повторно се препорачува Македонија да ги започне преговорите за пристап во ЕУ.

“Европскиот Парламент досега неколку пати им напомена на Европската Комисија и Советот дека Македонија веќе ги исполнува Копенхашките критериуми, но во последно време се повеќе наидуваме на дополнителни услови за започнување на преговорите,” изјави Филип Алтипармаковски, новоназначениот директор на ОМД за Европа.

Алтипармаковски истакнува дека добрососедските односи не треба да бидат еден од главните услови за започнување на преговори со ЕУ, затоа што тие прашања можат да се решаваат паралелно со преговорите. ОМД ја поддржува препораката на Европскиот Парламент и Комисија дека преговорите треба да започнат со отворање на поглавјата за правда, демократија и човекови права, затоа што тоа се реалните услови за прием во ЕУ.

Спротивно на тврдењата во некои од македонските медиуми, комитетот предводен од Ховит не бара воведување двојазичност во Македонија, туку воведување на интегрирано образование. Алтипармаковски додава дека ОМД се надева дека македонскиот јазик ќе биде главен јазик во наставата по воведувањето на интегрираното образование.

Please follow and like us: