ОМД го повикува Европскиот Совет да одреди датум за преговори со Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повикува Европскиот Совет да одреди датум за преговори на Декемврискиот самит кој ќе се одржи во четврток 19ти декември. Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да почни со преговори. Земајќи ги во предвид тешкотиите со кои Македонија се соочи во последните две децении, државата сепак успеа да ја зајакне економијата, демократијата и правниот систем.

ОМД го повикува Европскиот Совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го превземи претседателството на Европската Унија следниот месец, десет години откако ја предводи Солунската Агенда чија цел беше да го интегрира Западниот Балкан во ЕУ до 2014 година. Доколку Грција дозволи да се закажи датум за преговори, Грција ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот.

Иако Европската Комисија соопшти дека Македонија треба да се подобри во полето на слобода на медиумите, владење на правото и јавната администрација, на државата и треба датум за преговори за да добие сила да ги спроведе потребните реформи.

ОМД исто така нагласува дека потребна е поголема соработка со соседните земји со цел да се подобрат добрососедските односи. Но, таква соработка се основа на реципроситет, взаемна почит, и разбирање. Поточно, реципроситет се бара во полето на заштитата и признавањето на националните и јазични малцинства во соседните земји на Македонија. Таквото признавање значително ќе ги подобри добрососедските односи во регионот.

Please follow and like us: