Вечер на македонска поезија оддржана во Вашингтон

На 7 октомври 2013, во седиштето на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Вашингтон се оддржа вечер на македонска поезија на која присуствуваа Наташа Герет и Нола Герет. Вечерта ја отвори претседателот на ОМД, Методија А. Колоски кој ја информираше публиката за четвртата Глобална конференција на ОМД оддржана во Македонија ова лето.

“Воодушевен сум што имавме прилика да слушнеме повеќе за Глобална конференција на ОМД во Македонија. Ова беше одлична можност за членовите на ОМД од регионот на Мериленд, Вашингтон и Вирџинија кои не беа во можност да присуствуваат на конференцијата да дознаат повеќе,” напомена претставникот на ОМД за Вашингтон/Вирџинија/Мериленд, Жикица Пагоски. “Поетската вечер беше уникатна можност за промоција на македонската литература и национално наследство. Ни претставуваше огромно задоволство да ги слушнеме Нола и Наташа Герет, кои се истакнати литературни творци.”

Веќе неколку години како Наташа и Нола Герет работат заедно на превод на македонска поезија. Наташа Герет се преселила во САД во 1993 година. Нејзините преводи од македонски се имаат појавено во Arts and Letters and Christian Century.

“Преведувањето поезија е форма на културна промоција, бидејќи и претставува на пошироката јавност аспект на македонската уметност и култура која инаку не би им била достапна. Секако дека тоа отвори и можност за меѓукултурен разговор помеѓу мене и мојата свекрва,” изјави Наташа Герет. “Јас сум заинтересирана да пишувам за тоа како е да се живее во различни култури и предизвиците со кои луѓето се соочуваат, дури и тогаш кога заминувањето од родната земја е доброволно.”

Свекрвата на Наташа Герет, Нола Герет е професор по литаратура на Единборо Универзитетот во Пенсилванија. Нејзините поеми, како и преводите на македонска поезија, и есеи се имаат појавено во Able Muse, FIELD, Georgia Review, Imagination and Place, Poet Lore, and the Tampa Review. За соработката со нејзината снаа, Нола Герет истакна: “Преводите од македонски започнаа пред десетина години со телефонски повик од мојот син, Чан, велејќи ‘Мамо, сретнав една девојка, и таа знае да прави полнети пиперки подеднакво вкусни како твоите!’”

Проследено, е примерок од една од поемите напишани од Наташа Герет.

Од каде си?

Порано бев од писма и телефонски јавувања. Сега сум повеќе од тастатури, Пропуштени свадби, И зелени царински формулари.

Клатно сум – Што се ниша во 6-часовни интервали, На мојот двоен часовник, Иднината е моето минато и повторно мојата иднина. Јазикот ми е оној од разгледниците и налепниците по куферите, Од лења пита и по некој ајвар.

Живеам на авенијата “Погрешно изговорени”, Јас сум Хаклбери Фин, Напишан на кирилица.

Наташа Герет

Please follow and like us: