Конгресменот Радел, член на комитетот за надворешни работи, се приклучи на групата на пријатели на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува пристапувањето на 21от член на Конгресната група на пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло, Конгресменот Треј Радел (Републиканец- Флорида). Конгресменот Радел е претставник на 19от дистрикт на државата Флорида.

Господинот Радел е конгресмен од 3ти јануари 2013 година. Пред да стане член на американскиот Конгрес, ја започнал својата кариера како новинар и работел како ТВ репортер, радио водител и бизнисмен. Конгресменот Радел е член на Комитетот за транспорт и инфраструктура и Комитетот за надворешни работи, вклучувајќи ги и Подкомитетот за Западната хемисфера и Подкомитетот за Блискиот Исток и Северна Африка. Конгресменот Радел стана петтиот член на Конгресната група на пријатели на Македонија кој е член на Конгресниот комитет за надворешни работи.

“Флорида има зголемен број на население со македонско потекло, особено во областа Неапол, па затоа пристапувањето на Конгресменот Радел кон Конгресната група на пријатели на Македонија ќе гарантира дека македонскиот глас е застапен помеѓу креаторите на политиките во Вашингтон,” напомена Претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

“Со оглед на новинарската позадина на Конгресменот, како и неговите познавања од глобалната политика, тој ја разбира важноста за зајјакнување на Американската улога во светот, вклучувајќи ја тука и улогата на САД на Балканот.”

ОМД се заблагодарува за напорите на македонската заедница во Флорида, а особено му се заблагодарува на почесниот член на Советодавниот одбор на ОМД Лу Влашо за неговото улога во Неапол, Флорида.

Конгресната група на пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло е дводомна и двопартиска група на членови на Американскиот Конгрес. Како претставник на интересите на Македонците и Американците со македонско потекло во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија во зајјакнувањето на односите помеѓу САД и Македонија.

ОМД ги охрабрува сите Македонци и Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се приклучат на двопартиската Конгресна група за Македонија.