330 македонски пациенти добија бесплатни прегледи и лекарства

Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), од 29ти јуни до 1ви јули 2013 година на подрачјето на Струмица и Струмичко се одржа меморијална клиника во чест на Др. Ифран Максудов. Во склоп на клиниката беа извршени бесплатни лекарски прегледи врз 330 пациенти. Кликнете ОВДЕ за слики од проектот.

Проектот Бесплатна меморијална клиника д-р Ифран Максудов беше организирана во чест на покојниот д-р Ифран Максудов, поранешен Директор на Струмичката болница, а беше предводен од страна на членот на ОМД од Вирџинија, г-ѓа Нарцис Максудова – Мошрефи, која беше придружена од медицинска екипа составена од македонски и американски лекари и медицински сестри, вклучувајќи ги д-р. Даен Трафиканте, д-р. Ванковер Манчев, д-р. Даринка Лапевска – Максудова, Наташа Горичева и Даниела Мафкова.

Проектот Бесплатна мобилна клиника беше организиран со цел да им се помогне на жителите од струмичкиот регион после катастрофалните поплави кои го погодија регионот во февруари 2012.

Во текот на трите дена беа прегледани повеќе од 330 пациенти, и истите добија бесплатни лекарства кои беа обезбедени со донации од членовите и пријателите на Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон. Донациите беа собрани во локалните канцеларии на ОМД во Вашингтон, Вирџинија и Мериленд. ОМД се надева дека ќе се создата услови овој проект да се оддржува секоја година.

ОМД искажува посебна благодарност до компанијата Релингтон со седиште во Вашингтон, Блаже Димов, Бојан Пеовски, Нарцис Максудова-Мошрефи за укажаната финансиска помош, како и на Градоначалникот на општина Василево, г. Ванчо Стојанов, и г. Бојчо Стојанов од село Баница кои значително придонесоа за усшешноста на проектот.

Please follow and like us: