ОМД придонесе за анкетата за миграција и мултикултурализам во Австралија

Парламентот на Австралија официјално се заблагодари до Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за значителниот придонес кон извештајот на заедничиот комитет за миграција наречен Преглед на миграцијата и мултикултурализмот во Австралија.

Извештајот беше поднесен до австралискиот претставнички дом во понеделникот на 18 март 2013 година од страна на претседавачот на комитетот г-ѓа Марија Вамвакиноу. Кликнете ТУКА да го прочитате.

Директорот на ОМД за операциите во Австралија г-дин Ордан Андреевски појаснува: “Преглед на миграцијата и мултикултурализмот во Австралија” преставуваше одлична можност за ОМД да ги пренесе своите ставови за голем број на важни прашања до австралискиот парламент. Конкретно, ние сме задоволни што извештајот ги вклучи препораките што ОМД ги достави во однос на потребата за подобрување на формални концептуални дефиниции на дијаспората, како и за потребата на повеќе податоци и истражувањa за дијаспората и нивниот придонес кон австралискиот капацитет за придонес и нејзиното место во светот”.

“ОМД го препознава потенцијалот на дијаспората за подобрување на меѓународните односи во Австралија, и затоа достави препорака за сите дијаспори во Австралија официјално да се признаат како легитимни учесници во формирањето и испораката на австралиската надворешна политика”, истакна Андреевски.

ОМД активно работи да ја креира националните, парламентарните и политичките дебати во Австралија за голем број на важни политички и академснки прашања. Некои од тие вклучуваат соработка во проекти со Австралискиот истражувачки совет за “Дијаспорите во Австралија: тековни и потенцијални врски со татковината” и начини за подобрување на билатералните односи меѓу Австралија и Македонија.

ОМД исто така побара од австралискиот Парламент да се зголеми присуството на Австралија во странство и да се подобри ефективноста на австралиската помош за меѓународен развој.

Please follow and like us: