Најава на првата македонско-канадска лидерска конференција на ОМД во Торонто

На 27 април 2013 година, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ќе биде домаќин на првата годишна македонско-канадска лидерска конференција (#MКЛК2013) во македонската православна катедрала Свети Климент Охдридски во Торонто. MКЛК2013 ќе ги собере сите македонско-канадски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Канада на едно место.

Македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски, како и пратеникот за Северна Америка Павле Саздов ќе присуствуваат на конференцијата и ќе зборуваат за улогата на дијаспората во канадско-македонските односи.

“Оваа конференција преставува единствена можност за нашите лидери во Канада да се соберат на една централна локација со цел да остварат контакти и да научат за тоа како да ги водат своите организации, да собираат средства, како и за тоа како најдобро да ја претставуваат нивната заедница”, изјави директорот на ОМД за операциите во Канада – Џим Даикос. “Целта на конференцијата е да се поттикнат сите македонски лидери, особено студентите, да се активираат во општеството и преку граѓански ангажмани и да помогнат на Македонија и на односите помеѓу Македонија и Канада преку едуцирање на јавноста.”

“Моето семејство и јас ја поздравуваме оваа иницијативата на ОМД да се отвори дијалог помеѓу сите македонско-канадски институции за тоа како да ги подобриме животите на Македонците, како во Канада така и во Македонија,” изјави членот на советодавниот одбор на ОМД Крис Станвик.  

На 27 април ќе се одржи обука на македонските лидери во маркетинг, собирање на средства, како и за тоа како да се мобилизира македонската заедница за различни цели.  Вечерта ќе заврши со прием со македоснко вино и храна, каде ќе присуствуваат пошироката македонска заедница и пријателите на Македонија во Торонто. 

ОМД ќе ги покрие оперативните трошоци за МКЛК2013 и за време на конференцијата ќе обезбеди бесплатени доручек и ручек. Учесниците ќе бидат одговорни за покривање на нивните трошоци за патување и сместување.

За повеќе информации за МКЛК2013, како и за да го пријавите Вашето учество, Ве молиме контактирајте го Џим Даикос на [email protected] или Марк Бранов на [email protected] или јавете се на (647) 741-1919.