ОМД се сретна со новиот австралиски Министер за одбранбен материјал

Преставникот на ОМД за Канбера и Квинбеан во Австралија г-дин Мартин Николоски оствари средба со новиот австралиски министер за одбранбен материјал почесниот Мајк Кели. Средбата се одржа во канцеларијата наменета за неговото гласачко тело во Квинбеан. Д-р Кели e пратеник во федералниот преставнички дом на Едем-Монаро, каде живеат голем број на Македонци со потекло од Охрид, Струга, како и од други делови на Македонија и Балканот. 

Николоски објаснува дека “Министерот Кели работи напорно и ужива во голема поддршка од страна на македонската заедница во Австралија. Министерот Кели ја поддржува австралиско-македонската парламентарна група за пријателство и има остварено средби со бројни македонски делегации и ВИП постители од Македонија “.

Министерот Кели одржува одлични всрки со земјите од Балканот, бидејќи ја има посетено Босна и други делови од Балканот за време на неговата служба во австралиската армија.  Д-р Кели е свесен за важноста на стабилноста во Балканот, како и за важноста на добрите односи помеѓу Австралија и Македонија со создавање на контакти помеѓу државјаните, но и помеѓу институциите на двете земји. Тој исто така го признава значајниот придонес на Макеоднија кон мировните мисии во Босна, Косово, Ирак и Авганситан. 

На средбата со Министерот Кели “прво му го честитав унапредувањето на почениот Мајк Кели за Министер за дефанзивен материјал во австралиската влада и да му се заблагодарив  за неговиот ангажман и за поддршката на Обединетата македонска дијаспора и македонската заедница во Австралија. Второ, зборувавме за зајакнување и продлабочување на односите помеѓу Австралија и Македонија, како и  помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија ” рече Николоски.

Исто така, Министерот Кели  доби покана наскоро да ја посети Македонија со цел одблиску да се запознае со македонските институции и лидери, како и со напредокот што Македонија го има постигнато по осамостојувањето во 1991 година.

Обединетата македонска дијаспора работи во партнерство со сите сегашни и потенцијални австралиски пратеници од целиот политички спектар врз основа на нивната заложба за негување поблиски врски со Република Македонија и македонската заедница во Австралија.