Дали ќе одите во Македонија ова лето?

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува официјалниот вебсајт за четврта годишна глобална конференција (ОМД GC2013) која ќе се одржи од 24 јули – 2 Август, 2013 година во нашата татковина – Македонија.

Новата конференциска веб-страница е на англиски и македонски јазик, и можете да ја посетите на http://www.UMDGlobalConference.org 

Дали ќе одите во Македонија ова лето? Дојдете со целото семејство! Не ја пропуштајте ја оваа шанса да бидете дел од разговорот за иднината на Македонија. 100 години поминаа од крајот на балканските војни и потпишувањето на Букурешкиот договор, а ние Македонците, имаме порака до светот. 

Регистрирајте го Вашето присуство на глобалната конференција на ОМД ГК2013!

Конференцијата ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.

Приемот за добредојде ќе се одржи на 24 Јули. На 25, 26 и 27 јули ќе се одржат интензивни дискусии за историјата на нашата татковина и народ во последните 100 години. Ќе се дискутира за минатото, сегашноста, и најважно од се, за иднината на Македонија.  Секоја вечер ќе има македонска културна програма и танцување, а конференцијата ќе заврши со голема Гала вечера во сабота на 27 јули, 2013. Гала вечерата преставува одлична можност за воспоставување на контакти со македонската дијаспора од целиот свет, како и со пријатели на Македонија кои ќе бидат присутни на конференцијата. 

Но, тоа не е се!

Придружете ни се на патување низ Македонија од 28 јули до 3 август во Скопје, Охрид Крушево, Битола, македонското винско поднебје (со историја над 2.000 години), Мала Преспа (во Албанија), Благоевград (во Бугарија), и Едеса/Воден (во Грција).

Регистрирајте го Вашето присуство на конференцијата и турите низ Македонија на новата веб-страница и бидете дел од македонската историја – 100 години по Букурешкиот договор!

Ве молиме користете го слоганот #UMDGC2013 за комуникации на Твитер за време на конференцијата.

Ако сакате да станете спонзор на ОМД GC2013, кликнете ТУКА.

Доколку има заинтересирани организации, компании, или поединци за да бидат партнери на конференцијата, Ве молиме да не контактирате на број +1 (202) 350-9798 или на [email protected]