ОМД ја поздравува одлуката на албанскиот парламент да се врати македонскиот топоним Пустец

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува едногласната одлука на Албанскиот парламент да се врати името на селото Пустец кое претходно беше именувано како Лиќенас, во Мала Преспа (Албанија).  ОМД му честита на македонското малцинство во Албанија за ова одлука, и се надева дека албанските власти ќе го следат примерот на Пустец и ќе ги вратат топонимите на другите осум села во Мала Преспа, како и во регионите на Гора и Голо Брдо каде што Македонците се мнозинство.

“Оваа одлука на албанскиот парламент е чекор напред кон доделување на целосни малцински права на Македонците во Албанија, но сепак има простор за уште  подобрувања во таа насока”, рече претседателот на ОМД Методија А Колоски кој го посети Пустец во декември 2009 година. “На мојот татко претците потекнуваат од Корча кое се наоѓа во близина на Пустец, и лично знам во какви услови живеат Македонците во Албанија.  Живеат во сиромаштија и со многу малку економски можности за развој во областа.”

ОМД се заблагодарува на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за неговата напорна работа во Пустец, како и за неговите напори Пустец да се направи подобро место за своите жители.  Градоначалникот Темелко е добитник на наградата на ОМД за човекови права за време на втората глобална конференција на ОМД во Торонто во јуни 2010 година.  Во јули оваа година, ОМД ќе организира посета на Пустец и на областа како дел од својата четврта глобална конференција на ОМД по повод 100-годишнината од потпишувањето на Букурешкиот договор. 

 

Please follow and like us: