ОМД ја прославува повторно отворената канадско-македонска  парламентарната група за пријателство

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како и целата канадско-македонска заедница ја прославува повторно отворената канадско-македонска парламентарната група за пријателство во канадскиот парламент во Отава. Канадско-македонска парламентарната група за пријателство ќе служи како тело кое ќе ги усовршува билатералните односи помеѓу Канада и Македонија. 

Првично основана од страна на првиот канадски пратеник со македоснко потекло Луи Темелковски, групата е сега повторно основана како резултат на тесната соработка помеѓу македонската заедница во Канада и македонската амбасада во Отава.

Во групата моментално членуваат околу дваесет пратеници, а официјалната листа на членови ќе биде објавена во официјално соопштение. За претседател на групата е избран почесниот Владислав Лизон (член на Конзервативната партија), а како потпретседатели ќе служат почесниот Џон Магистерски (член на Либералната партија), почесниот Брајан Масе (член на Новата Демократска партија), како и почесниот Џеф Вотсон (член на Конзервативната партија).

Амбасадорот Тевдовски за македонските медиуми неодамна изјави: “Формирањето на македонската група во Парламентот на Канада е историски чекор, основан врз основа на заедничките вредности, солидарноста и взаемната поддршка меѓу двете земји.”

 “Веќе неколку години го охрабруваме отварањето на канадско-македонската парламентарна група за пријателство, и огранокот на ОМД во Канада се радува на постигнатиот успех.  Овај успех не би бил возможен без клучната улога на целата канадско-македонска заедница за подобрување на односите помеѓу Канада и Македонија како и подигање на свеста за важните меѓунадродни прашања во Македонија”, рече директорот за Канадските операции на ОМД, Џим Даикос. “Им се заблагодаруваме на сите членови на Парламентот кои се приклучија на групата, а ние особено би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност до Амбасадорот Тевдовски за неговата посветеност кон овој проект. ОМД со нетрпение очекува да работи со пратениците за зајакнување на билатералните односи помеѓу Канада и Македонија. “

Во текот на последните неколку години, огранокот на ОМД во Канада има оддржано бројни средби со канадските функционери, како на пример со почесниот Премиер Стивен Харпер, со почесниот Министер за надворешни работи Џон Берд, со почесниот Министер за одбрана Питер Меккеј, со поченсиот Министер за државјанство, имиграција и мултикултурализам Џејсон Кени, како и со различни пратеници во канадското Собрание во Отава и во канцелариите на нивните гласачки тела. На овие средби, главно се дискутирало за повторно отварање на канадско-македонската парламентарна група за пријателство, економските врски помеѓу Канада и Македонија, како и за кршењата на човековите права на македонските заедници во Грција, Бугарија и Албанија, како и други прашања.

Во ноември 2012 година, огранокот на ОМД во Канада ја предводеше делегацијата составена од преставникот на ОМД во Грција Евгенија Нацилиду, и духовниот лидер на македонските православни христијани во Грција Архимандитот Никодим Царкњас.

Билатералните односи помеѓу Канада и Македонија се подобрија во последниве неколку години, особено по признавањето на уставното име на Македонија од страна на Канада во 2007 година, како и со тесната координација помеѓу Кралските канадски вооружените сили и Армијата на Република Македонија, под покровителство на НАТО. Канада е една од најголемите придонесувачи на трупи и помош на НАТО мисијата “ИСАФ” во Авганистан, а Македонија има исто така игра клучна улога во мисијата како петти придонесувач на војници по глава на жител.

Канада е дом на околу 250.000 канаѓани со македоснко потекло, а Канада и Македонија потпишаа договор за социјално осигурување во 2011 година, дозволувајќи им на граѓаните со работно искуство и престој во било која од двете земји да добијат пензија.