ОМД ја повикува Бугарија да се извини за депортирањето на македонските Евреи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со голема тага ја одбележува 70-годишнината од масовната депортација на македонската еврејската заедница во концентрационите логори од страна на Бугарија во текот на Втората светска војна.

ОМД бара од бугарската влада јавно да признае дека како резултат на соработката на фашистичката власт на Бугарија со нацистичка Германија, 7144 македонски Евреи беа депортирани во германските концентрациони логори во Треблинка во окупирана од нацистите Полска. ОМД исто така ја повикува бугарската влада да издаде официјално извинување до македонската еврејска заедница.

Бугарија, која била воен сојузник на нацистичка Германија, ја окупирала Македонија во 1941 година. По окупацијата биле издадени наредби до македонските Евреи да престанат со трговија и да ја препишат целата своја сопственост и средства на бугарската држава. На Евреите не им било дозволено да посетуваат одредени делови од градовите и биле принудени да се преселат во гета.

На 11 март 1943 година, бугарската војска ги уапсила Евреите од Битола и Штип и ги транспортирала до тутунскиот монопол во Скопје, каде што биле затворени заедно со Евреите од Скопје. Околу 7.200 Евреи биле оставени без соодветна храна, вода и санитарни услови. Насилството од страна на бугарската полиција било често, а жените биле често силувани. Само неколку Евреи успеале да избегаат од логорот. Само околу 165 лекари и странски државјани биле ослободени од монополот. 

На 22 март, околу 7144 македонски Евреи биле ставени во вагони, а бугарската војска ги придружувала до Лапово во Југославија, каде потоа нацистите ги придружувале до окупирана Полска. По цели шест нехумани дена, македонските Евреи пристигнале во Треблинка. Речиси сите биле веднаш убиени во гасните комори.

Во декември 1944 година, само околу 50 преживеани останале да ја реконструираат македонската еврејската заедница. Повеќето од нив избегале во италијанските територии или се приклучиле на организираното антифашистичко партизанско движење и се бореле заедно со останатото население против нацистите.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, македонската влада ја призна еврејската религија како уставна религија (Макеоднија е единствената земја надвор од Израел да го стори тоа). Иако Еврејската заедница во Македонија денес има само околу 200 членови, сите заедно работат за заживување на еврејските традиции, еврејскиот идентитет и еврејскиот живот. Тие ја изградија синагогата Бет Јаков, која е прва синагогата на Балканот изградена по завршувањето на Втората светска војна.

Владата на Република Македонија го отвори македонскиот фонд на Холокаустот, за кој се доделени околу 18,5 милиони долари со цел да се изгради вечен спомен на Евреите убиени за време на Холокаустот. Во март 2011 година, меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија беше официјално отворен во Скопје. Овој центар претставува еден од четирите најголеми меморијални музеи на Холокаустот во светот после Вашингтон, Берлин и Ерусалим.

ОМД го повторува своето барање до бугарската влада да ја признае својата улога во депортирање на македонската Еврејската заедница во логорот на смртта Треблинка. Бугарија е членка на НАТО и на Европската Унија и има должност да се помири со своето трагично минато и официјално да се извини на македонската еврејска заедница. 


Поврзани статии:

Virtual Jewish History Tour-Macedonia

The Holocaust in Macedonia: Deportation of Monastir Jewry 

The Jews on the Balkans

Remembering the Past: Jewish Culture Battling for Survival in Macedonia

International Committee for Bulgarian Holocaust-Era Truth

Transports from Macedonia and Thrace

Macedonia Opens a Balkan Holocaust Museum

Please follow and like us: