ОМД се сретна со новиот австралиски Министер за имиграција околу името на Македонија

Соопштение

Обединетата македонска дијаспора се сретна со почесниот Брендан  О’Конор-новиот австралиски Министер за имиграција и државјанство

15 февруари 2013 година, Мелбурн (Австралија)

Делегацијата на огранокот на ОМД во Австралија предводена од  страна на Ордан Андреевски и заменик претседателот на советот на македонската заедница во Викторија, Александар Мојсовски, денеска се сретна со почесниот  Брендан О’Конор кој служи како австралиски Министер за имиграција и државјанство. Средбата се одржа во канцеларијата на министерот во изборната единица Каролин Сптингс  која се наоѓа во западните предградија на Мелбурн, каде живеат значителен број на Македонци.

Андреевски појаснува “Министерот е пријател на македонската заедница и е почитуван од страна на Македонците. Нам ни треба повеќе функционери да ги следат неговите стапки, и да ги негуваат односите со Македонија и македонската дијаспора”.

Министерот О’Конор на повеќе наврати јавно го има поддржано правото на Македонија на самоопределување како суверена држава. “Јас не отстапувам од тие ставови”, рече Министерот О’Конор.  

Ордан Андреевски појасни дека имале две цели на оваа средбата. “Прво, да  му честитаме на почесниот Брендан О’Конор на унапредувањето како Министер за имиграција и државјанство во владата на Премиерот Гилард, како и да му се заблагодариме за неговата поддршка за Обединетата македоснка дијаспора и целата македонска заедница во Австралија. Второ, да разговараме за начините на кои министерот О’Конор може да ги зајакне и продлабочи односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија “.

Следниве прашања беа дискутирани за време на состанокот:

  • Австралија конечно да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име пред австралиските избори во 2013 година, во согласност со планот за унапредување на  австралиско-македонските односи кој беше напишан преку австралискиот истражувачки советодавен проект наречен “македонската дијаспора во Австралија: тековни и потенцијални врски со татковината.”
  • Потребата да се отвори австралиска амбасада во Македонија, како што огранокот на ОМД побара во барањето доставено до австралиската канцеларија за дипломатски мисии, а ова барање  во моментов интензивно се разгледува од страна на министерот за надворешни работи, сенаторот Боб Кар.
  • Потребата да се воведе безвизен режим за македонските граѓани да патуваат во Австралија, како што е случајот со земјите од ЕУ, а САД ја разгледуваат оваа можност;
  • Потребата да се олесни процесот на имиграција за квалификувани Македонци во Австралија, а со тоа да се задоволи недостатокот на квалификувани работници во Австралија;
  • Можност да се сретнат со македонскиот Министер за надворешни работи Никола Попоски, кој може да биде во официјална посета на Австралија во Март 2013 година. По примерот на договорот за културна размена помеѓу Австралија и Турција, препорачале, оваа прилика да се искористи за да започне процесот на потпишување на договор за културна размена помеѓу Австралија и Македонија, која ќе им овозможи на граѓаните од секоја земја да работат и учат една година во Австралија и Македонија.  
  • Можност за организирање на Гала вечера или коктел прием во Мелбурн пред изборите во 2013 година, а специјални гости да бидат Премиерот Јулија Гилард и нејзиниот кабинет на министри од Викторија. Темата на вечерата ќе биде “Унапредување на австралиско-македонските односи и ззајакнување на врските со македонската заедница во Австралија.

Исто така, Министерот О’Конор беше поканет да ја посети Македонија во блиска иднина со цел да ги посети  клучните институции и лидери во Македонија, како и да добие подобро разбирање за напредокот што Македонија го има направено од своето осамостојување во 1991 година.

Обединетата македонска дијаспора работи  со сите сегашни и потенцијални членови на австралискиот Парламент, кои припаѓаат на целиот политички спектар врз основа на нивната заложба за негување на поблиски врски со Република Македонија и македонската заедница во Австралија.