Конгресменот Мафеи од Њу Јорк е новиот член на конгресната група на пријатели на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му посакува добродојде на најновиот член на Конгресната група на пријатели на Макеоднија и на Македонските-Американци – Kонгресменот Ден Мафеи (демократ од Њу Јорк).  Конгресменот Мафеи ја преставува дваесет и четвртата изборна единица на државата Њу Јорк и е првиот конгресмен да се приклучи на групата во 2013 година.  

Конгресменот Мафеи за прв пат беше избран за Конгресмен во 2008 година, а втор пат на изборите во 2012 година.  Конгесменот Мафеи за време на 113-от конгрес на САД, ќе членува на комисијата за одбрана и на комисијата за наука, технологии и вселената. 

“Конгресменот Мафеи е дологогодишен пријател на македонската заедница во Сирикуз и ширум САД. Среќни сме што тој се врати во Конгресот, и ние со нетрпение очекуваме да работиме со него во иднина,” рече претседателот  на ОМД Методија А. Колоски.  “Конгресменот Мафеи силно се залага за членство на Македонија во НАТО, и заедно со неговите колеги во 2009 и 2010 година го повикаа претседателот Обама и државната секретарка Клинтон да ја поддржат Македонија.”

Државата Њу Јорк е дом на околу 70,000 Американци од македонско потекло, од кои голем дел живеат во областа на градот Сиракуз и северниот дел на Њу Јорк.  Македонската православна црква Св. Ѓорѓи во Сиракуз е основана во 1960 година и денес преставува центар на македонската заедница во Сиракуз. 

Конгресната пријателска група за Македонија служи како тело за оддржување но и зајјакнување на позитивната и взаемно корисна врска помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија.  ОМД ги охрабрува сите Американци со Македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.  Ве молиме, кликнете ОВДЕ за да го испратите Вашето писмо. 

Да дознаете повеќе за тоа како да се инволвирате, Ве молиме контактирајте ја Ана Давид на (202) 350-9798 или на [email protected] 

За повеќе информации за Конгресменот Мафеи, Ве молиме посетете ја следната страница: http://maffei.house.gov/