Преставникот на ОМД добива смртни закани и поднесе тужба за клевета против грчките медиуми

Со проширувањето на активизмот на ОМД за заштита на човековите права на домородната македонска заедница во Егејска Македонија, преставникот на ОМД Евгенија Нацилиду стана мета на смртни закани и јавни клевети од страна на угледен грчки весник Прото Тема. Како реакција на настаните, поднесени се кривични пријави против грчкиот весник. ОМД ја повикува македонската заедница во Грција, во следните неколку недели и месеци да постапуваат со колегијалност и да бидат свесни на тактиките на заплашување и притисоците спонзорирани од страна на грчката влада. 

Кликнете ТУКА за статијата во Прото Тема.  

Кликнете ТУКА за поднесената тужба.  

Кликнете ТУКА да ги видете смртните закани.

Нацилиду заедно со архимандритот Никодим Царкњас беа во во посета на Северна Америка во доцен октомври. Во Вашингтон, делегацијата се состана со високи американски владини преставници, а во Отава со канадски пратеници.  Посетата заврши со гала вечера во Торонто.  Во ноември повеќе меѓународни медиуми објавија статии за посетата на делегацијата. 

На 16 декември, грчкиот новинар Панајотис Савидис кој многупати има објавувано за  неонацистичката партија Златна Зора и чии антимакедонски статии се промовирани од страна на најголемиот неонацистички форум Stromfront.org, објави статија во најголемиот неделен весник, со дистрибуција на 150.00 примероци – Прото тема. Темата на веста гласеше: „Лекарите, земјоделците.. и Скопјаните се во рацете на СДОЕ.“

“Скопјан” е еуфемистички термин за изразување на омраза, и се применува за обраќање на етничките Македонци од страна на службениците на Златна Зора како и членови на другите мејнстрим грчки политички партии, од страна на десничарските грчки медиуми, дури и од страна на Грчката православна црква, како на пример епископот Антимос од Солун. Грчките политичари во дијаспората, како на пример канадскиот пратеник Џим Каријанис, исто така, го користат овој термин. “SDOE” е референца за Грчкиот оддел за финансиски и економски криминал.

На статијата беа објавени и фотографии од Нацилиду (превземени од страната на ОМД) на кои  таа се наоѓа на подиумот за верме на гала вечерата во Торонто. Овие фотографии според грчкиот закон се добиени и користени на нелегален начин. Текстот содржи широк спектар на лажни обвинувања и клевети против Нацилиду и против организацијата “Едукативно и културно друштво на Едеса/Воден“ на кое таа припаѓа и кое го промовира македонскиот јазик, култура и народни традиции.  Некои од клеветите во статијата се: “…SDOE ги откри скопските агенти…”, “… Запрете ги црните пари за иредентистичката пропаганда,…” и други лажни обвиненија за шпионажа, кои потенцијално можат да поттикннат насилство.

На 4 јануари поднесена е тужба против Савидес, Прото тема, како и сите други медиуми кои ја пренесоа статијата во јавното обвинителство на Воден.

Обвиненијата се однесуваат на членовите 362 и 363 од грчкиот кривичен законик, член 2 од законот за спречување на расизам, членот 5 од грчкиот устав, како и други релевантни грчки закони.

За време на објавувањето на статијата во Прото тема, Фејсбук корисникот со име Калоупис Димитриос на ѕидот на Нацилиду, напиша “Јас ти кажувам уште еднаш ти мала Словенке… само еден куршум во твоето чело, кога ќе ти дојде време!” Нејасно е дали двата случаја се поврзани, па затоа поднесена е посебна тужба против Фејсбук корисникот до одделот за електронски злосторства на грчката полиција.

Трет инцидент се случи на 26 ноември 2012 година, кога грчки новинар познат по јавните клевети на Македонците, влегол во салата за танцување во Воден. Нацилиду била присутна на часови по македонски ора кои биле организирани без одобрување од страна на локалните власти. Новинарот ги прекинал часовите кога без дозвола почнал агресивно да ги фотографира луѓето кои биле присутни. Еден од учениците на часовите поднесол жалба против новинарот во локалната полиција. 

Нацилиду изјави: “Во 1994 година меѓунродната организација “Human Rights Watch” го документира културниот страв во северна Грција. Но 20 години подоцна, ништо не е променето. Грчките националисти сеуште рутински користат насилство, закани и клевети против активистите за човекови права. На пример, грчките медиуми лажно го обвинија Отец Царкњас за сексуални злосторства. Оваа атмосфера на заплашување мора конечно да се трансформира во култура на меѓуетничка толеранција и почитување на слободите и човековите права.”

Поврзани статии: 

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/689-umd-human-rights-delegation-visits-ottawa

http://umdiaspora.org/index.php/en/frontpage-news/58-unity/706-2012-umd-canada-gala-a-night-to-remember

http://umdiaspora.org/index.php/en/archimandrite-tsarknias-meets-u-s-ambassador-at-large-for-international-religious-freedom-slider-en

http://umdiaspora.org/index.php/en/eu-contents/514-greek-government-sponsors-anti-macedonian-uoft-lecture

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/707-greek-neo-nazi-golden-dawn-threatens-macedonia-in-greek-parliament

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/411-umd-calls-on-greek-orthodox-church-to-condemn-priests-anti-macedonian-statements

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/410-umd-calls-for-greek-metropolitans-excommunication

http://www.hrw.org/sites/default/files/reports/GREECE945.PDF