Оваа празнична сезона, Македонците од дијаспората им помогнаа на сирачињата

Во петокот на 21 декември 2012 година, Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Обединетите Македонци-Американци од Детроит (ОМАД), Ајвар ДОО, како и организацијата “Пенс фор кидс интернешнл” (ПФКИ)  ја доставија многу-потребната помош на сиропиталиштето “11 Октомври” во Скопје, во вид на дваесет и пет нови кревети и училишен прибор за сите сирачиња во домот. 

“Во домот, децата и вработените топло не пречекаа, и многу уживав во нивните изведби за време на преставата,” рече преставникот на ОМД за Вашингтон, Мериленд и Вирџинија, кој ја достави помошта на домот во Скопје. “Неверојатно е чуството да се придонесе за нашата татковина со помагањето на овие дечиња и да се биде сведок на нивната радост.”

“Ние во ОМАД бевме среќни да бидеме дел од оваа иницијатива со цел да му се помогне на сиропиталиштето во Скопје. Нашата цел е да им се покаже на овие деца дека за време на оваа празнична сезона некој се грижи за нив, нивната топлина и радост,” изјави претседателот на ОМАД Том Бејоф. “Радосни сме бидејќи знаеме дека овие деца ќе можат да спијат во нови и топли кревети за време на празниците.”

ОМАД ги собра овие сретства за време на банкетот “Горд сум што сум Македонец” на 3 ноември 2012 година на кој присуствуваа над 350 гости. Секоја година ОМАД организираат годишен настан за собирање на средства за помош на сиромашните во Македонија. 

“Развој преку образование на сите деца во светот, а особено во Македонија, е цел на ПФКИ уште од основањето на организацијата, и ни преставува голема чест да се здружиме со ОМД, ОМАД и Ајвар ДОО за да им обезбедиме училишен прибор на децата, и да бидеме мал дел од нивната радост,” изјави ко-основачот на ПФКИ и првиот амбасадор на Македонија во САД, Љубица З. Ацевска. 

“Визијата на  првата Ајвар 5К трка на 9 септември 2012 година беше да се соберат средства за сирачиња во Македонија, и се надеваме дека овој настан ќе се огранизира секоја година и ќе им овозможи на македонската дијаспора и пријателите на Македонија да помогнат на сиромашните во Македонија,” рече ко-основачот на Ајвар ДОО, Бернард Песјак. 

Трката Ајвар 5К ќе се одржува секоја година, а оваа година на трката дојдоа над 150 тркачи и пешаци.  Втората Ајвар 5К трка ќе се одржи на 8 септември 2013 во Вашингтон, и во план е да се прошири низ другите градови во САД и Канада.

За да ги погледнете сликите од донацијата во сиропиталиштето “11 Октомври,” Ве молиме кликнете ТУКА и за видео ТУКА.