Македонскиот адвокат Томас Н. Танеф е избран за супер адвокат на Охајо и Топ 50 адвокати во Колумбос за 2013 година

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му честита на долгогодишниот пријател, поддржувач и член на советничкиот одбор на ОМД, Томас Н. Танеф за изборот за супер адвокат на Охајо по трети пат, како и за именување на листата Топ 50 адвокати во Колумбос.  Танеф е вклучен во првите 5% на најдобри адвокати, а адвокатскиот бар го избрал и за еден од најпочитуваните адвокати во околината на Колумбос.  Процесот на избирање на супер адвокатите на Охајо вклучува стручни оцени, комисиски прегледи, како и незавсни истражувања за кандидатите. 

Томас Танеф е дел од адвокатскиот бар на Охајо од 1988 година и адвокат 23 години.  Дипломирал при државниот универзитет во Охајо и на правниот факултет при универзитет Капитал.  Г-дин Tанеф работел како судски службеник, а потоа и како судија во општината Френклин.  Г-дин Tанеф има специјализирано во правните области за имот, данок, недвижнини, старателства, посвојувања во државата Охајо како и меѓународни посвојувања.  Г-дин Tанеф има работено на повеќе од 2,000 усвојувања, и му била доделена награда за усвојувања од страна на конгресот на САД во 2005 година.  Исто така, Г-дин Tанеф бил избран за супер адвокат во Охајо во 2011 и во 2012 година.  Понатаму, списанието Колумбус СЕО, на Г-дин Tанеф во 2011 и 2012 година му има доделено награда за најдобар бизнис на адвокатски фирми под 50 години.  Г-дин Tанеф е пензиониран почесен конзул на Македонија во САД, а служел и како финансиски претседавач на кампањата на судијата Роберт Монтгомери.