4та Глобална конференција на ОМД, 24 јули – 2 август 2013 година, во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците во светот, со задоволство објавува дека четвртата глобална конференција ќе се одржи од 24 јули до 2 август 2013 година во нашата прадедовска и историска татковина – Македонија. Тематиката на конференцијата ќе се совпадне со стогодишнината од завршувањето на Балканските војни и потпишувањето на Букурешкиот договор со наслов: Македонија 2013: 100 години по Букурешкиот договор. 

“Македонија и Македонците во светот ќе одбележат неколку важни годишнини,” вели претседавачот на ОМД Стојан Николов. “Одборот на директори на ОМД ја превзема важната одлука да бидат домаќини на годишната конференција во 2013 година во Македонија, со цел не само да се обединат Македонците од светот во нашата татковина но исто така и да им се покаже на нашите соседи, на Европа и на светот дека Македонците истрајаа значителни предизвици, вклучувајќи поделби, етничко-чистење и геноцид. Сеуште постоиме, и ќе постоиме како Македонија и Македонци.” 

Во склоп на стогодишнината од Балканските војни и Букурешкиот договор, 2013 година ќе ја одбележи седумдесетгодишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка од страна на Бугарските воени сили за време на Втората светска војна (11 март 2013 година), 65 годишнината од егздусот на децата бегалци од Егејска Македонија/ Грција (март-јули 2013 година), 110та годишнина од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев (4 мај 2013 година), 50ет годишнина од трагичниот земјотрес во Скопје (26 јули 2013 година), 110та годишнина од Илинденското востание (2ри август 2013 година), 69та годишнина од АСНОМ (2ри август 2013 година), и 22та годишнина од основањето на слободна, суверена и независна татковина за Македонците – Република Македонија. 

“Нашата историја во последните сто години е трагична, но нашата иднина во наредните сто ќе биде светла. 2013 година е годината во која ние Македонците мора да се обединиме да и помогнеме на Македонија и да го поставиме темелот за идните генерации,” рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Ги покануваме сите Македонци и пријатели на Македонија да ја посетат Македонија и да присуствуваат на Глобалната конференција на ОМД 2013.” 

4та глобална конференција на ОМД ќе се состои од академски дел кој ќе се фокусира на последните сто години од македонската историја, поглед кон иднината, како и дел кој ќе се фокусира на тоа како македонската дијаспора би можела да придонесе кон развојот на нашата татковина. Понатаму, планирани се и дневни екскурзии до Битола, Крушеви и македонските винарии. Главниот дел од конференцијата ќе се одржи во Скопје и Охрид. ОМД планира кратки координирани посети до Мала Преспа во Албанија, Благоевград во Бугарија и Егејска Македонија во Грција, со цел учесниците од дијаспората да имаат можност да ги посетат Македонците од останатите делови на географска Македонија. Конференцијата ќе се затвори со формална Гала вечера на 2ри август 2013 година во Скопје. 

Оваа недела беше испратен повик за академски трудови а подетални информации за Конференцијата ќе бидат достапни на http://www.umdglobalconference.org.

ОМД има одржан глобални конференции во 2009 година во Вашингон, 2010 година во Торонто (Канада) и во 2011 година повторно во Вашингтон, посетени од повеќе од 1,500 Македонци и пријатели на Македонија од 25 земји ширум светот. 

Ве молам ако го користите Твитер да го користете хаштагот #UMDGC2013

Доколку има заинтересирани организации, компании, или поединци за да бидат партнери на конференцијата или да бидат спонзори, Ве молиме да не контактирате на број +1 (202) 350-9798 или на [email protected]