Јавен повик за академски трудови: Македонија 2013: 100 години по Букурешкиот договор

Јавен повик за академски трудови

Македонија 2013: 100 години по Букурешкиот договор

Скопје и Охрид, Македонија, 24 јули – 2 август 2013 година

Краен рок за поднесување на абстракти/ предлози за академски трудови

до 30 март 2013 година

Во 2013 година се одбележуаат 100 години од завршувањето на Балканските војни и потпишувањето на Букурешкиот договор кој ја подели географска Македонија помеѓу Бугарија, Грција и Србија. 

Конференцијата ќе ги истражува последиците од Балканските војни и Букурешкиот договор врз Македонците и македонскиот идентитет во контекст на домашните и регионалните политики, особено по основањето на независна и суеверна Република Македонија. 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација за Македонците во светот со седиште во Вашингтон, објавува јавен повик за поднесување на абстракти за 4та Глобална конференција која ќе се одржи во Скопје и Охрид од 24 јули до 2 август 2013 година. 

Панелите ќе бидат на следните интердисциплинарни теми (поконретни наслови ќе бидат објавени во следните неколку недели на следната веб страница: www.umdglobalconference.org):

I.Балканските војни (1912-1913 година): Анализа на настаните и воените тактики 

II.Букурешкиот договор: Последици и ефекти врз современата политика 

III.Република Македонија: Тековни настани и предизвици 

IV.Македонските малцинства: Статусот на Македонците кои живеат во соседните Балкански земји 

Абстрактите мораат да бидат поднесени на англиски или македонски јазик и треба ги содржат следните елементи: наслов на академскиот труд, име и презиме на авторот, име на институцијата, одделот и позицијата на авторот, град и држава како и контакт информации (е-пошта и телефонски број). Се молат авторите во склоп на своите предлози да достават и кратка биографија (CV).

Абстрактите да бидат напишани во следниот формат:

-фонт 12, Times New Roman

-должина од 200 до 250 зборови

-краен рок за поднесување: 30 март 2013 година

Ве молиме абстрактите да ги доставите на следната е-пошта [email protected]   

Ќе има можност студент внатре или надвор од Македонија да аплицираат за патни стипендии.  За повеќе детали, Ве молиме контактирајте [email protected]  

Одбраните трудови ќе бидат публицирани во специјално издание на Обединетата македонска дијаспора и ќе бидат диструбирано до библиотеки низ целиот свет.

За повеќе информации за организацијата, Ве молиме посете ја страницата www.umdiaspora.org.

 

UMDGC2013 Topics & Panels