ОМД го одбележа 64-от Меѓународен ден на човекови права

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) се приклучува на сите активисти за човекови права ширум светот во одбележувањето на годишнината од 10 декември 1948 година, денот кога Еленор Рузвелт застанала пред Генералното собрание на ОН и ја декларирала “универзалната декларација за човекови права која би станала меѓународна Магна Карта на сите луѓе во светот.”

На овој ден, ОМД ги повикува Обединетите нации и Европската унија да го насочат својот притисок кон владите на Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, за да обезбедат почитување на меѓународните стандарди за човекови права, вклучувајќи ги и македонските заедници во нивните држави. 
 
Усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права во 1948 година ги постави темелите на многу државни устави низ светот.  Сепак, 64 години подоцна, луѓето низ целиот свет се уште се во борба за своите најосновни граѓански права, и тоа не само во постоечките диктатури во светот, туку и во држави членки на  Европската Унијаи на НАТО, како што е Грција. 
 
Од своето формирање во 2004 година, ОМД е посветена на заштита на човековите права на Македонците, и во 2005 година предводеше петиција потпишана од над 100.000 граѓани да се стави крај на расната, етничката и верската дискриминација на луѓето со македонско потекло.  Одтогаш ОМД е поборник за човековите права на Македонците ширум светот.  Минатиот октомври, ОМД ја предводеше делегацијата од Егејска Макеоднија составена од архимандрит Никодим Царкњас и претставникот на ОМД за Грција Евгенија Нацулиду во Вашингтон и Отава каде остварија средби со високи владини претставници. 
 
На овој историски ден, ОМД ги повикува сите Македонци да продолжат да работат заедно за ширење на вистината за Македонија и Македонците.  ОМД ќе продолжи со својата работа да обезбеди почитување на човековите права, и ги охрабрува сите Македонци да се вклучат во нашата важна работа.  Од суштинско значење е Македонците да имаат силен обединет глас пред креаторите на политиките во светот. 
Please follow and like us: