ОМД подели пет Битов стипендии во 2012та година

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) гордо ги објавува овогодишните пет добитници на ОМД стипендијата за македонско наследство, Џон Л.Н. Битов (ОМД Битов стипендии): Драган Ѓорѓиев, Хелен Јанковски, Стефан Николоф, Филип Петковски и Александра Вучковска.  Од основањето на ОМД Битов стипендијата во јуни 2010 година, ОМД подели околу $20.000 во стипендии на македонските студенти во дијаспората.

ОМД стипендијата за студенти со македонско потекло, Џон Л. Н. Битов, е именувана по познатиот бизнисмен и столб на глобалната македонска заедница Џон Л.Н. Битов, и е основана во 2010 година за да им помогне на Македонците на додипломски студии во Австралија, Канада, Европа и САД. Целта на ОМД Битов стипендиите е да го унапреди образованието на младите Македонци кои се водени од вредностите на нивниото македонско воспитување и потекло. Битов Фондација додели $50,000.00 во јуни 2010 година кон ОМД програмата за стипендирање, а средствата ќе бидат дистрибуирани во текот на следните неколку години.  За повеќе информации за Стипендијата, кликнете тука.

“ОМД им честита на Драган, Хелен, Стефан, Филип и Александра – ние сме многу горди на овие млади и талентирани македонски ученици и им посакуваме се најдобро и многу среќа во нивните кариери. Сигурни сме дека ќе продолжат да не прават горди,” рече претседателот на ОМД Методија А . Колоски. “Ние сме многу благодарни на г-дин и г-ѓа Битов, на целото семејството Битов и на Фондацијата за нивната широкоградост и инвестиција во иднината лидерите на нашите заедници.”

Драган Ѓорѓиев е роден во Штип, Македонија и имигрирал во САД на седумгодишна возраст. Тој е трета година на Лојола Универзитетот во Чикаго (Лук) каде студира Политички науки и Екологија.  По дипломирањето, тој се стреми да се запише на правен факултет на отескот на еколошко право.  Своите страсти за политиката и еколошкиот активизам ги изразува преку политички кампањи и семинари, стажирање во јавниот сектор, стажирање во индустриите за енергија и енергетски набавки. Неговите достигнувања вклучуваат стипендии од Универзитетот Лук како и награди од приватниот бизнис и јавни организации. Драган се надева еден ден да игра улога во воведувањето во новата ера на индустрии кои ќе бидат профитабилни и еколошки свесни.

Хелен Јанковски е четврта година на Јорк Универзитетот во Канада каде студира Географија и урбани студии. Во исто време таа студира и на Програмата за образование на Јорк Универзитетот.  Нејзините интереси вклучуваат: гентрификација, јавен наспроти приватен простор, адаптација и повторна употреба на просторот, како и затворени заедници. Хелен е од македонското потекло; нејзината мајка е од Радовиш и нејзиниот татко е од Битола. Во моментов, таа е стажант во секторот за развој на производи во копорацијата за општинска сопственост во нивниото претставништво во Пикеринг, Онтарио, а исто така Хелен е и кандидат за учител во Марквил средното учулиште. Во блиска иднина, Хелен се надева дека ќе стане професор во средно училиште.

Стефан Николоф е роден во Торонто (Канада). Тој моментално е на постдипломски студии и студира на смерот Модерна и современа уметност на Кристис факултетот во Лондон (Англија). Стефан има дипломирано на факултетот за ликовни уметности на OЦAД универзитетот во 2010 година, а исто така има дипломирано и на смерот за образование на Нипсинг универзитет во 2011 година.  Неговата изложеност на македонски народни игри и музика преку Селјани Македонскaта фолклорно-уметничко друштво, како и разговорите со својот татко, Џејмс Николоф и неговиот дедо Тед Еванс Гелентсоф, е она што придонело за неговата силна приврзаност кон својот македонски идентитет, како и поширокиот интерес за македонската култура и историја. Стефан свири на гајда и бил награден со “Златна гајда” во 2009 година на фестивалот „Пеце Атанасовски“ на народни песни и инструменти во Долнени (Македонија).

Филип Петковски е син на Розета и Љупчо Петковски и е роден на 5 февруари 1991 година во Скопје. Своето основно образование го завршил во „Петар Петровиќ-Његош“ во Скопје. Уште од седумгодишна возраст, Филип бил заинтересиран за народното танцување и станал дел од ансамблот за македонски народни песни и ора “Скопје”, каде што подоцна станал соло изведувач и кореограф. Неговата љубов кон македонскиот фолклор и култура влијаело Филип да се запише на одделот за традиционална музика и игри во училиштето за музика и балет “Илија Николовски – Луј”. Од тогаш, Филип започнал професионално да се занимава со танцување и пеење, како и да настапува во многу земји низ Европа. Неговиот интерес продолжил да се развива, па тој одлучил да аплицира за стипендија на ансамблот за источна Европа песни и игри “Тамбурицанс” на Дукесне Универзитетот каде што моментално е на додипломски студии. Филип гради кариера во театарска режија и мултимедија, и активно учествува во продукции на Маскерс црвениот театар. Филип продолжува да игра македонски и многу други ора и песни на Дукесне универзитет при “Тамбурицанс” каде што постојано работи, патува и ја претставува македонската култура и фолклор низ многу градови и држави низ САД. Филип е при крај на своите додипломски студии и со нетрпение очекува да аплицира на постдипломски студии на отсекот Џон Велс режија при програмата на Карнеги Мелон универзитетот, со надеж да стане професионален театарски режисер и учител. Тој би сакал да ја искористи оваа прилика  да се заблагодари на Обединетата македонска дијаспора за сета помош обезбедена кон неговото образование и на кон Македонија. Тој е многу горд Македонец кој живее во САД, и  придонесува за промоција на културата на својата земја и општество.

Александра Вучковска е родена и израсната во Пехчево, а дошла во САД во 2010 година како стипендист на додипломските студии на смерот по Биохемија. Таа во моментов е трета година на Универзитетот Џадсон во Елџин (Илиноис). Нејзиното семество ја инспирирало да ги оствари своите соништа за високо образование. Александра работи како асистент на професори по биологија и хемија. Таа е на листата на деканот на факултетот за најдобри студенти, а е добитник и на претседателската стипендија, како и членува во алфа, ламбда, делта општество, во кое членуваат студенти со пласман од топ 20% од нивната генерација. Во мај 2013 година, по дипломирањето таа ќе полага приемни испити и се надева дека ќе биде примена на медицински факултет. Нејзината цел и животна визија е да се здобие со образование и искуство и да се врати во Македонија за да работи во заедниците каде нема доволно лекари.