Делегација на ОМД за човекови права ја посети Отава (Канада)

По завршувањето на официјалната тура во Вашингтон, исполнета со состаноци на високо ниво и семинари, делегацијата на ОМД за човекови права ја продолжи турата во Канада, со цел и таму да раскажат за систематското угнетување на македонската заедница во Грција. 

 

На 25ти и 26ти Октомври, преставникот на ОМД за Грција, Евгенија Нацилиду и Архимандритот Никодим Царкњас заедно со директорот за комуникации на ОМД Марк Бранов,  остварија официјални средби со неколку канадски парламентарци, припадници на сите три најоглеми пратии во канадското собрание.  Средби беа оставрени со почесните Гери Шеленбергер и Бернард Тротиер од конзервативната партија, понатаму со почесниот Рајмонд Коут и со преставник за почесниот Вајн Марстон од партијата Нова Демократија, како и со почесниот Ирвин Котлер од либералната партија.

 

Членовите на делегацијата главно дискутираа за широкиот спектар на правни механизми и тактики на заплашување што Грција ги употребува да ги лиши Македонците од нивните човекови права.  Еден од примерите вклучува и искуството на едукативниото и културно движење од Воден чии часови по македонски јазик беа прекинати од страна на грчките државни органи.  Понатаму, на состаноците се дискутираше и за 20 годишната борба на Архимандритот Царкњас да отвори македонска православна црква во северна Грција, и покрај тоа што примал многубројни закани, бил апсен 19 пати, бил тепан од страна на полицијата и лажно обвинуван од страна на грчката православна црква, која заедно со ултра-нациолалистичките групи работат да не се овозможи верска слобода во Грција во име на грчката држава. 

 

Дедо Царкњас е долгододишна инспирација за македонците од целиот свет, а Евгенија храбро работи во егејска Македонија заедно со новата генерација на активисти за човекови права.  Тие се оние кои го подобруваат профилот на македонската заедница во Грција и истакнуваат со какви културни угнетувања Македонците се борат во грчката “демократија,” вели директорот на ОМД за Канада Џим Даикос.  “Бараме од слободољубивите држави во светот, како што е Канада да застанат до принципите на еднаквост, културни права и верски слободи; принципи кои Европската Унија очајно не успева да ги воспостави.  Меѓународната заедница мора да реагира за да ги заштити сите угнетени етнички и верски заедници во Грција, а ОМД ќе направи се што може за тоа да се случи.”

 

Посетата беше заокружена со јавен семинар на правниот факултет при универзитетот во Отава наречен “Подемот на екстремизам во Грција и неговото влијание врз малцинствата.” Семинарот беше спонзориран и организиран благодарение на организацијата Канадски адвокати во странство.  Присути беа над 60 гости, повеќето од нив надежни адвокати во областа на човековите права.

 

Овој семинар преставуваше одлична прилика за идните канадски адвокати во областа на човекови права да научат и слушнат за борбата што македонската заедница ја води во Егејска Македонија.  Понатаму, овие идни адвокати имаа прилика да слушнат не само за македонската заедница, туку и за турската заедница во Тракија, и други заедници чии припадници се постојано малтретирани од страна на државните органи, честопати спонзорирани од страна на државни радикални верски лидери како на пример владиката Антимос во Солун.

 

Во дискусијата исто така беа нагласени и злосторствата извршени, но не казнети од страна на неофашистичките екремисти во Грција, како што се членовите на политичката партија Златна Зора која неодамана успеа да добие 18 парламентарни седишта во грчкиот парламент.  Посебен акцент беше даден на извозот на грчкиот екстремизам во Канада, а примери вклучуваат предавањето на универзитетот во Торонто под наслов “Увид во Хеленизмот” во март 2011 година, на кое предавање се ширеше омраза, како и отварањето на огранок на партијата Златна Зора во Монтреал


Галерија

{gallery}ottawa{/gallery}