ОМД бара поблиски врски меѓу Македонија и Нов Зеланд

Врз основа на заедничките демократски и мултикултурни вредности помеѓу Република Македонија и Нов Зеланд, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) бара засилување на соработката помеѓу двете земји, особено во сверите на економијата и културата. 

Според директорот на ОМД за Австралија, Ордан Андреевски: “Поблиски врски може да се постигнат со назначување на  македонски дипломат во Нов Зеланд, како на пример, генерален Конзул на Република Македонија во Нов Зеланд.  Овој дипломат би можел да ги негува односите меѓу владата на Република Македонија и македонската заедница во Нов Зеланд, а воедно би злужел и како мост помеѓу двете земји.” 

Андреевски додаде: “Нов Зеланд има силна економија и растечко влијание во Азискиот регион, и затоа важи за многу важна држава во јужниот Пацифик како и во Обидинетите Нации.  За жал, Нов Зеланд сеуште ја нема признато Македонија под нејзиното уставно име и сеуште нема целосно дипломатско  преставништво во Македонија.  Ова е исклучително разочарувачки и мора да се промени.”

Во моментов, Македонската амбасада во Канбера е одговорна и за Нов Зеланд, но е без шеф на мисија од декември 2011 година.

Исто така, ОМД го повикува министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Мареј МекКали, во блиска иднина да назначи амбасадор на Нов Зеланд во Макодонија.

Во февруари 2010 година, претседателот на Обидинетата македонска дијаспора Методија А. Колоски, го посети Нов Зеланд како дел од неговата турнеја во Австралија и Нов Зеланд.  За време на посетата, тој се сретна со г-н Џорџ Труп од Министерството за надворешни работи во Велингтон  (Нов Зеланд), како и со македонската заедница во Окленд и Велингтон.  Кон крајот на октомври 2011 година, шефовите од земијите од јужниот Пацифик и Нов Зеланд присуствуваа на седница за комонвелт земјите во Перт (Австралија), каде ОМД побара поблиски односи на земјите од јужбиот Пацифик со Република Македонија. Обединетата македонска дијаспорапланира да назначи директор за Нов Зеланд во 2013 година.