Архимандритот Царкњас се сретна со Американскиот Амбасадор за меѓународни верски слободи

На 23 октомври 2012 Архимандритот Никодим Царкњас, верскиот лидер на Македонската Православна Црква во Грција, се сретна со Американската Амбасадорка за верски слободи при Стејт департментот – Др. Сузан Џонсон Кук.  Архимандритот Царкњас и посочи на Амбасадорката Кук за проблемите со кои се соочуваат луѓето од македонската православна вера во Грција како и за долгогодишната политика на грчката Влада запопречување на развојот на останатите верскизаедници во Грција. 

 

 

“Грција е единствената земја-членка на Европската унија во која нема јасна поделба помеѓу државата и црквата, и земја каде единствената признаена верска заедница со посебни привилегии вградени во рамките на Уставот, е заедницата на Грчката Православна Црква – што воедно е и коренот на проблемот во Грција,” рече Архимандритот Царкњас. “Соедниетите Американски Држави и Европската унија мораат да ја повикаат Грција да го овозможи постоењето на други верски заедници, со еднакви права во рамките на Уставот. Грција има должност да се придржува кон своите одговорности кон меѓународните акти кои што ги има потпишано во однос на верските слободи.” 

 

Архимандритот Царкњас е првиот верски претставник на Македонската Православна Црква кои имал состанок со висок претставник на Американската администрација по ова прашање.  Претседателот на САД, Барак Обама, ја назначи Др. Сузан Д. Џонсон Кук за Амбасадор за Меѓународни верски слободи, работно место кое што беше потврдено и од Американскиот Сенат.  Таа е главниот советник на Претседателот Обама и на Државниот секретар Клинтон по прашањата за верските слободи на глобално ниво. Таа е воедно и првата жена како и првата Афроамериканка да биде назначена на оваа позиција. 

 

Канцеларијата за меѓународни верски слободи има за цел да ги промовира верските слободи како основа на американската надворешна политика. Канецеларијата врши мониторинг на религиозно прогонство и дискриминација во светот, препорачува и спроведува политики во соодветните региони или земји и развива проекти за промоција на верските слободи. 

 

Архимандритот Царкњас е во официјална посета на САД да го дискутира порастот на екстремистички активности во Грција и влијанието кое тоа го има врз верските заедници во земјата. Регионалниот претставник на ОМД во Грција, Евгенија Нацулиду, го придружуваше на неговата посета на Вашингтон и при крајот на неделата заедно ќе отпатуваат за Отава. Целта на посетата во Канада е да им ги презентираат проблемите со кои се соочува македонската заедница во Грција на високите државни претставници и канадската јавност. 

 

Архимандритот Царкњас влегол во редовите на Грчката Православна Црква пред 39 години. Во текот на 20 години тој имал повеќе несогласувања со Грчката Православна Црква за неговото проповедање на Библијата на македонски јазик, по што грчката црква го расчинила. Оттогаш, тој бил затваран, тепан од страна на полицијата и заплашуван од страна на грчката тајна служба и до ден денешен не му е дозволено да изгради целосно фунционална Македонска Православна Црква во Грција. Тој живее во постојан страв за сигурноста на својот живот и подлегнал на повеќе од десетина тужби и налози за апсење. Повеќе од ЕУР 50.000 биле потрошени во правни трошоци, а трошоците биле сносени од Архимандритот како и од македонската заедница во Грција.