Џејмс Саундерс е овогодинешниот добитник на ОМД Наградата за животно дело

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост Ви најавува дека на Џејмс Саундерс ќе биде добитник на престижната ОМД Награда за животно дело како признание за неговата значајна улога во напредувањето на македонската кауза. Наградата ќе му биде врачена на 27-ми октомври 2012 за време на годишната Гала во Македонската Православна Катедрала Св. Климент Охридски во Торонто (Канада). 

 

Г-дин Саундерс е навистина истакнат Канадско-Македонски лидер кој во текот на последните седум децении има придонесено многу во борбата за слободна, независна и суверена Македонија. Неговата посветеност и страст е инспирација и тој е вистински пример за иселенички активизам, истакна Претседателот на ОМД, Методија А. Колоски. 

 

Со основањето на Обединетите Македонци од Канада, Саундерс им даде глас на нашите луѓе во време кога можевме само да сонуваме за сопствена и независна држава, напомена Канадскиот директор на ОМД, Џим Даикос. Тој претставува столб на нашата заедница со децении, и неговите пионерски напори во име на македонските човекови права ќе бидат засекогаш ценети и запаметени.

 

Наградата на Обединетата македонска дијаспора за животно дело се доделува на истакнати индивидуи кои со своите активности имале клучно влијание во општеството за напредувањето на македонската кауза. Како признание за неговото лидерство, филантропија и патриотизам, управниот одбор на ОМД едногласно го избра Џејмс Саундерс како овогодинешниот добитник на наградата. 

 

Претходни добитници на истата награда биле Џорџ Атанасоски, Џон Л.Н. Битов, и првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Ве молиме кликнете овде да дознаете повеќе за наградите и признанијата кои ги доделува ОМД.  

 

ОМД гордо го признава Џејмс Саундерс како инспирација, лидер во заедницата, горд сопруг, татко и дедо, филантроп и патриот. 

 

Доколку сакате да станете спонзор или да ги купите Вашите влезници за Галата, Ве молиме обратете се кај Џим Даикос на (416) 209 0448 или кај Марк Бранов на (647) 741 1919, или испратете е-пошта на [email protected]. Влезниците можат да се купат на страната http://www.canadahelps.org (внесете “United Macedonian Diaspora” во иконата за пребарување). За повеќе информации за Галата, Ве молиме кликнете овде

 

Средствата собрани од овој настан ќе одат кон спонзорирање на добротворни и образовни програми од страна на ОМД, вклучувајќи ги и нашите проектни активности во Северна Грција (Егејска Македонија).


——–

 

Биографија на македонскиот патриот: Џејмс Саундерс 

 

Тој е роден во 1925 година во селото Желево во Егејска Македонија, само 12 години откако територијата била анексирана од страна на Грција. Неговиот татко Спиро имигрирал во Канада и посветено работел за да може да испрати пари и средства назад во ‘татковината’. Во април 1938 година, на тринаесетгодишна возраст, Џејмс имигрирал во Канада заедно со својата мајка Софија, брат Крис и сестра Сали. 

 

Тој е можеби најпознат како основач на Обединети Македонци од Канада, организација која е од огромно значење за развојот на Канадско-македонската заедница денес, и како значаен пионер во промоцијата и заштитата на македонските човекови права и култура. Тој бил избран за Претседател на Обединети Македонци од Канада и отслужил два мандата, првиот од 1959 до 1966 година, и од 1974 до 1975 година. 

 

Исто така, Саундерс бил инструментален во напорите да се донесе македонската Православна Црква во Канада.  Во својство на Претседател на Обединети Македонци тој го повикал Светиот Синод на посета во Торонто и да присуствува на познатиот годишен пикник по повод празникот Илинден, организиран од Обединети Македонци. Македонската заеница во Торонто добила шанса да ја искаже својата поддршка за основањето на нова црква пред илјадниците посетители, меѓу кои Владиката и многубројни  функционери.  Иницијативата испратила јасен сигнал и го означила првиот чекор кон остварување на сонот за основање на македонска Православна Катедрала во Канада. Во октомври 1962 година провинциската Влада на Онтарио дала одобрување и 2 години подоцна била изградена Катедралата Св. Климент Охридски. Спиро, таткото на Џејмс, бил првиот избран претседател. 

  

Џејмс Саундерс е познат како страствен, посветен и доверлив патријарх на Канадско-македонската заедница. Во 2008 година напишал автобиографија, “Времето на мојот живот”, која исто така ја бележи потресната историја на македонската заедница во Торонто од 1938 до денешен ден. Во оваа книга Џејмс апелира до идната генерација на македонски активисти, порачувајќи им: “избегнувајте поделба и раздор…нашите луѓе секогаш биле поделени, нашата земја секогаш поделена. Раздорот не помага во решавање на проблемите, туку ги создава истите.”

 

Џејмс Саундерс има еден син, две ќерки, осум внуци, четири правнуци, и илјадници поддржувачи и пријатели. Со својата сопруга Дорти се во брак веќе 67 години и живеат во Торонто (Канада).  

 

Ве молиме посетете ја страницата: http://jamessaunderstimesofmylife.com