ОМД Канада

Основан во 2008-та година, огранокот на Обединетата Македонска Дијаспора во Канада е регистриранкако канадска невладина организација за интересите и потребите на канадско-македонската заедница. Проценките се дека околу 250 илјади Македонци живеат во Канада.

ОМД (Канада) има канцеларија во Торонто и операции во Отава.

Целите на ОМД (Канада) се следниве:

  • Ширење на единството меѓу Македонците.
  • Едуцирање на јавноста за правилно одржување и набљудување на човековите права како што е предвидено со Канадската Повелба за права и слободи.
  • Едуцирање и подигнување на свеста на јавноста за прашања од природа на расна/етничка дискриминација и промоција на позитивни односи меѓу расните/етничките заедници и мешани групи.
  • Промоција и заштита на македонското наследство и култура.
  • Поддржување на образовен развој.
  • Помагање на лицата на коишто им е потребна помош.

Волонтерство во ОМД (Канада)

ОМД Канада е свесна за се поголемиот број на канадски Македонци од сите возрасти и пријатели на заедницата коишто се заинтересирани и сакаат да помогнат за Македонската кауза со поддршка на една или повеќе програми. Волонтерството е одличен начин за вклучување и придонесување за подобар развој на нашата заедница, Канада, Македонија и за билатералните односи меѓу двете земји.

Придобивките од волонтерството се многубројни. Преку волонтерството можете да направите нешто за Македонската кауза, да запознаете интересни и почитувани членови на македонската заедница и да земете учество во многу настани.  Волонтерите можат да работат во широк спектар на кампањи и проекти, помагајќи во образовни кампањи, спроведување на проекти за развој на заедницата, односи со медиумите итн. Можности за волонтерството постојат во сферите на учество во заедницата, односи со власта, медиуми, кампањи, младински прашања и развој на лидерството.

Ако се заинтересирани да станете волонтер пратете ни е-меил на [email protected]

 

Станете член на ОМД Канада или донирајте преку линкот: 

Donate Now Through CanadaHelps.org!