ОМД: Охридскиот Рамковен Договор има многу недостатоци, а владеењето на правото мора да преовладува

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е крајно  загрижена за бројните немили настани во Македонија предизвикани од страна на албанските лидери и јавни службеници. ОМД ја повикува македонската влада да обезбеди целосно владеење на правото на територија на Република Македонија, и да не дозволи Охридскиот рамковен договор да биде изговор овие дела да поминат неказнети. ОМД цврсто верува дека овој договор има многу недостатоци што придонесува за понатамошна поделба на општеството   по етничка основа.

Стојан Николов, претседавач на одборот на директори на ОМД потенцира: “Како последица на инцидентите од поставувањето  на албанското национално знаме на многу места на територијата на западна Македонија, како и интонирањето на албанската химна на почетокот на школската година во неколку училишта, ОМД ја повикува македонската Влада и сите граѓани на Република Македонија детално да го прегледаат Охридскиот рамковен договор и ефектите што ги има врз Македонија.  Ако сите македонски граѓани,особено вклучувајќи ги  друѓите малцинства како Ромите, Власите и Турците во Македонија, можат да ја почитуваат  македонската химна и знаме, зошто тогаш само албанското малцинство ја нема таа почит  кон државата во која живее? Како ли би се чуствувале Американците ако во државните училишта долж границата со Мексико, се  вее само мексиканското знаме и се интонира  само мексиканската химна, без доследно почитување на американските симболи? Очигледно е дека Охридскиот Рамковен Договор е причина повеќе за продлабочување на   проблемот, отколку решение кое беше силно поздравено пред цели 11 години.”

Заменик претседател и председавач на советот на ОМД Александар Митрески вели: “За жал, во 2011 и 2012 година, Македонија беше сведок на многу инциденти организирани од страна на радикални исламистички групи.  Уште од палењето на црквата во Струга, убиствата на петте невини млади граѓани на Велики Петок годинава, како и многубројните протести на групи млади луѓе кои вееја знамиња на Ал Каида и извикуваа “Смрт за христијаните!” па се до скорашното поклонување на гробовите на поранешни припадници на ОНА од страна на министерот за одбрана, треба да биде алармантно за меѓународната заедница дека радикалниот ислам е присутен и е во подем на територијата на Македонија и на Балканот. Охридскиот рамковен договор не треба да биде сфатен како “карте-бланш” документ кој дозволува ширење на иредентизам.”

Марк Бранов, директотот за комуникации на ОМД вели: “Странските дипломати кои постојано нудат неквалификувани пофалби за Охридскиот рамковен договор треба да бараат мудрост од лидери за граѓански права како на пример Мартин Лутер Кинг, а не од поранешни терористи како Али Ахмети. Охридскиот рамковен договор во Македонија денеска дозволува сегрегација на државните училишта врз основа на етничка и јазична припадност, која пак уште повеќе ги дели младите луѓе и дозволува ширење на омраза.  Напреден пристап би било кога сите млади, без разлика на нивата етничка припадност,  наместо да бидат поделени во етнички гета, сите заедно да одат во едно неподелено училиште.”

Бранов додава: “Иако почетната намена на Охридскиот рамковен договор беше да создаде еднаквост во Македонија, сегрегацијата на училиштата, создавањето квоти врз основа на етнички линии, и други опасни ефекти на охридскиот рамковен договор укажуваат дека договорот не служи во полза на унитарниот карактер на Македонија. Се разбира дека еден документ не може да спречи терористички напади или да ја гарантира безбедноста на државата, но Охридскиот рамковен договор воопшто не успева да создаде општество основано  на меѓусебна толеранција.”

Иако за време на создавањето на Охридскиот рамковен договор, целта на креаторите на договорот беше да се гарантира суверинитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и потврда дека нема територијални решенија за етнички прашања денеска, во делови на Македонија, сеуште е присутна идејата за “Голема Албанија”, која пак создава уште поголеми етнички тензии како во Македонија, така и на целиот Балкан. Бидејќи Охридскиот рамковен договор не успева да ја загарантира безбедноста во Македонија, тогаш кои придобивки ги има Македонија од самиот договор? ОМД не ја поддржуваа оваа идеја и ја повикува целата меѓународна заедница, особено САД и ЕУ да побара одговорност и сериозност од македонските Албанци во работата за доброто на нивната татковина – Република Македонија.

ОМД со седиште во Вашингтон е најголемата невладина организација во светот која ги претставува интересите на Македонците кои живеат надвор од Македонија. ОМД ќе продолжи од близу да ја следи ситуацијата во Македонија и да ги изнесува  своите ставови до јавноста. Спомнувањето на Охридскиот рамковен договор во овој текст не значи негово поддржување од страна на ОМД.

Please follow and like us: