Советнички совет

Советодавниот одбор на ОМД е повеќе-секторска и диверзитетна советодавна група. До членство во Одборот се доаѓа со покана од Одборот на директори на ОМД чиишто членови доаѓаат од светот на бизнисот, уметноста и јавната администрација. Професионалната разноликост како и повеќегодишното искуство на членовите на Одборот се од голема важност за ОМД бидејќи ни помагаат во нашата мисија, посебно во остварување на иновативни партнерства со релевантни институции ширум светот.

Одборот на ОМД остварува чести средби на кои ги оценува извештаите за постоечките и планираните проекти со цел да понуди помош при креирањето политики и стратегии како би се оствариле целите на организацијата.

Постоењето на Одборот на директори на ОМД е главен чекор во промовирањето транспарентност, совети за добро практики и креирање долгорочна визија за иднината на ОМД.

 

Љубица Ацевска, Амбасадор


Во периодот од 1991-2000та година, госпоѓата Љубица З. Ацевска ја претставува Македонија во својство на Амбасадор на Република Македонија во САД. За време на нејзиниот амбасадорски мандат таа успешно воспоставува билатерални односи помеѓу Македонија и САД. Воедно, таа ги советува САД во рамките на миротворните мисии на ОН да испратат трупи кои би биле поставени долж македонската северната граница во раните 90-ти. За време на својот мандат, г-ѓа Ацевска го проследува македонското членство во Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, а и ја претвтавува Македонија во Генералното Собрание при Обединетите Нации.

По завршувањето на амбасадорскиот мандат, г-ѓа Ацевска работи како специјалист за Јавна политика на престижниот Woodrow Wilson International Center for Scholars. Од 2005-2008 година, таа работи како водител на “Разговори”- емисија емитувана на DC-TV, каде што се осврнува на тековните меѓународни случувања. Во склоп на нејзините моментални ангажмани, јавни излагања, и консултантска работа во сферата на развој на меѓународен бизнис, г-ѓа Ацевска е со-основач и Претседател на Pencils 4 Kids International организација која ги снабдува децата ширум светот со школска опрема која што им е потребна. Во текот на својата кариера г-ѓа Ацевска била член на мношто организациски одбори. Таа е и основач на компанијата Gulf Enterprises, компанија со седиште во Вашингтон, САД и Абу Даби која се занимава во меѓународен бизнис, развој и консалтинг во Арапскиот Залив.

Љубица Ацевска е родена во Капари, Македонија. Заминала во САД заедно со својата фамилија на 9 годишна возраст и пораснала во Менсфилд, Охајо. Своите додипломски и постдипломски студии во областа на Меѓународни студии ги завршила на државниот Универзитет во Охајо. Посетувала настава на Универзитетот Харвард, еднаш на училиштето Џон Ф. Кенеди, а подоцна на деловната школа на Харвард спонзорирана од Светската банка.  Моментално живее во Вашингтон со нејзиниот сопруг, психијатарот и автор Др. Џосеф Р. Новело.

 

Џорџ Атанасоски

Image

Џорџ Атанасоски, по потекло од Прилеп, ја напуштил својата татковина и имигрирал во САД во 1970 година. Таму ја основал Microflex Inc., со седиште во Флорида, која што е успешна компанија за производство на широк дијапазон еластични метални производи за клиенти како што се: Џенерал Електрик, Ролс Ројс, Форд, Сименс, Џенерал Моторс, и НАСА.

Во 1996 година, г. Атанасоски ја основал меѓународната корпорација МАК АМ, компанија за увоз-извоз помеѓу Македонија и САД. Низ годините г. Атанасоски инестирал во мноштво македонски компании како што се: Сонце ГА, Жито Прилеп, ТВ Сонце, и др. Во 1994 година тој го основал меѓународното списание Македонско Сонце кое се фокусира на македонските вредности, македонската култура и историја. Понатаму, тој го поседува и менаџира Сонце ТВ во Скопје.

Г. Атанасоски има вложено значајни ресурси за поддршка и унапредување не само на македонското малцинство, туку и македонската култура во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, и Србија. Тој е силен поборник за човекови права, вклучувајќи го и основното човеково право на само-определување на Македонците кои што живеат во овие земји и пошироко. Тој има четири сина, од кои еден во моментот живее во Македонија. Г. Атанасоски е добитник на ОМД наградата за животно дело доделена за време на ОМД Галата во Чикаго која беше одржана на 25ти јуни 2011 година.

Тале Булинг

 

Дана Л. Клајн

Дана Л. Клајн е почесен генерален конзул на Република Македонија во југоисточна Флорида.  Г-ѓа Клајн е  управен директор и сопственик на фирма за јавни и меѓународни одоси „ДKMЦ“ во јужна Флорида.  Г-ѓа Клајн се занимава и со недвижности и има сопствена агенција за инвестирање во недвижнини наречена „Кралски капитални инвестиции, ДОО.“

Како почесен генерален конзул, должностите на г-ѓа Клајн вклучуваат промовирање на економски, културени и образовени размени, како и создавање на партнерства и инвестиции. Како извршен директор на ДKMЦ, г-ѓа Клајн има специјализирано во областите на маркетинг, односи со јавноста, и развој на бизнис за различни клиенти и индустрии. Програмите на кој таа работи вклучуваат: маркетинг менаџмент и стратегии, управување со проекти, градење на конзенсуз  во заедниците, менаџирање на доход, брендирање, дизајн, односи со медиумите, маркетинг, плагијати, односи со клиенти, влада и инвеститори. Како претседател на компанијата „Кралски капитални инвестиции, ДОО“, г-ѓа Клајн купува и продава имоти и бизниси од различни купувачи, продавачи, и инвеститори.

Пред да се приклучи на ДКМЦ,  Дана Клајн била менаџер за продажба во компанијата Z99fm на Кајманските острови.  Работејќи на Кајманските острови три години, г-ѓа Клајн создавала стратегии за продажба и промоции за  копании како Вендис, Домино пица, Кока кола, Бадвизер, и Фрито Леј.  Додека работела во копанијата, г-ѓа Клајн  развивла уникатни реклами, специјализирани за таргетирана публика. Пред да се пресели на Кајманските острови, г-ѓа Клајн работела во Кембриџ кабловската телевизија, Босон глоб, Беркшир бизнис вести, Џурнал вести, и Питсфијд весник.

Г-ѓа Клајн има примено многубројни награди вклучувајќи: грант за турска културна турнеја,   клуч за општина Бровард, номинација за личност на годината во мал бизнис,  награда за извонредност од  здружението на жени во Американскиот бизнис,  награда за кретивно спречување на криминал во Бровард општина, прво место за продукција на најдобро видео за спречување на меѓународен криминал, благодарница од Американскиот марински корпус,  претприемач на годината во Флорида, и Холивуд претприемач на годината.

Тековни и минати членствa на  г-ѓа Клајн вклучуваат советничкиот совет на Обединетата македонска дијаспора, комитетот за политичката акција на сојузот на градежни  изведувачи, меѓународниот комитет за меѓународен пливачки „Hall of Fame“, извршниот одбор на општина Бровард за запирање на криминал, извршниот одбор на стопанската комора „Hallandale Beach“, член на oдборот на академијата за туризам и патување на општина Бровард, член на одборот на центар бизнис асоцијацијата Холивуд, претседавач на Холивуд Ротари клубот за  публицитет и аукција,  одбор на брокерите од  конзуларниот корпус на општина Бровард, одборот за маркетинг на Флорида и Бровард Фарм,   деловниот совет на јужен Бровард,  асоцијацијата за мали хотели, здруженијата на алумни од  Емерсон Колеџ и Универзитет Сиракуза, Pompano Beach, Dania Beach, Голем Холивуд, какои сојузот на стопански комори на Мајами и пошироко.

Дана Клајн магистрирала на Емерсон Колеџ по менаџмент на медиуми. Нејзината теза била на тема меѓународното влијание на американската сателит политика.  Дипломирала при универзитетот Сиракуза на факултетот за комуникации, радио, ТВ и филмска продукција како и на отсекот по англиски јазик.

 

Џорџ Королоф

Џорџ Королоф е роден во Торонто, Онтарио на 26 мај 1947. Неговите родители се Петар и Олга Королоф од македонското село Дреновени. Дипломирал со почести на Универзитетот на Торонто, а потоа дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот на Западен Онтарио.

Г. Королоф е адвокат со преку 30 годишно работно искуство. Тој поседува и своја адвокатска фирма во која што се застапени административно, корпоративно, семејно, наследно, и кривично право како и право на недвижнини. Во својата кариера тој ги има застапувано Колеџот на лекари и хирурзи, Кралскиот колеџ за стоматологија, Фармацевскиот колеџ, и е поранешен советник на Извршниот одбор на директори на Асоцијацијата на киропрактичари.  

Интересот на г. Королоф за неговото македонско наследство се пројавил на многу рана возраст. Тој бил Претседател на младината на македонската патриотска организација и во текот на својот живот бил дел од мноштво македонски организации. Бил член на Канадско-македонската федерација; поранешен потпретседател на Македонската патриотска организација (Канада); поранешен член на Македонската организација за човекови права; сегашен директор на Канадско-македонско место; член на Обединетата македонска дијаспора; директор на Наша Сила- македонска организација за човекови права. Има напишано статии за весникот Macedonian Tribune, и активно работи во борбата против трговијата со луѓе во Источна Европа. Низ годините г. Королоф има остварено средби со неколку македонски Претседатели на Влада за консултации во врска со прашањата поврзани со македонските човекови права. 

Џорџ Марку

Џорџ Марку е Канаѓанец со македонско потекло. По завршувањето на своите деловни студии на Универзитетот Јорк, г. Марку почнал кариера во јавно сметководство. Понатаму, во својство на потпретседател на операции им се приклучил на Crowntek Business Center, и е инволвиран со Cooper & Lybrand. Г. Марку ја основал Unigistix која станала најголемиот логистички провајдер на канадската телекомуникациска индустрија. Во Unigistix тој вработил преку 600 луѓе а спонзорирал 11 да ги добијат своите P.Log ознаки. Компанијата е акредитирана како една од 50те најдобро менаџирани компании во Канада.

Во моментот г. Марку работи за хардвер и софтвер комппанијата Unify4Life, компнаија која што тој исто така помогнал да се основа. Како долгогодишен лидер во заедницата тој служи на Извршниот одбор на Канадско-македонско место, во Советодавниот одбор на Обединетата македонска дијаспора, е почесен претседател на Unigistix, Inc. и заменик-претседател на администрација на Канадскиот институт за професионална логистика. Г. Марку е женет и има две деца. 

Марк Б. Мицковски

Марк Мицковски е на чело на У.С. Демил, ДОО (САД), компанија која има развиено технологија за успешно, целосно и безбедно демилитаризирање на конвенционална муниција без пропратна еколошка штета, како и обезбедување на составните материјали за нивна повторна употреба. Тој исто така работи за енергетска конслатинг фирма, The Wyvern Group, како и за конслатинг фирма за проект-менаџмент, бизнис и енеретика – Borison International Ltd. Тој има преку 25 години деловно работно искуство во развој и менаџирање на проекти во сферите на енергетиката и технологијата. Пред приклучувањето на фирмата BQPES за обновлива енергија тој преку 5 години служел како директор за енергетски менаџмент и развој во областа Ири. Како програмски менаџер во проектот Возобновување на Америка, тој е основоположник на развојната иницијатива за ветерна енергија во областа Ири. Како дел од таа иницијатива, тој служи и како главен претставник и преговарач во спогодбата за поново лиценцирање вредна 287 милиони долари за Нијагариниот проект за хидроелектрична енергија во областа Ири.

Поради долгогодишното искуство во секторите за енергетика и снабдување тој е често консултиран како екперт. Има познавање на повеќе јазици и има работено во САД и Централна и Источна Европа. Своите додипломски студии ги има завршено во смерот Политички науки и меѓународни односи, и дипломски студии во Меѓународен бизнис на Канисиус Колеџ. Тој е активен во повеќе организации и е член на Извршниот одбор на Македонско-американската православна црква Св. Кирил и Методиј во Бафало, Њујорк. 

Џери Наумоф

Џери Наумоф е пораснат во Колумбус, Охајо во голема и тесно-поврзана македонска фамилија. Преку 30 години неговата поширока фамилија поседувала успешен ресторан. По добивањето на атлетска стипендија од државниот Универзитет Бал, каде студира Маркетинг и бизнис администрација, Наумоф ја започнува својата диверзитетна кариера во сферата на надоместоци за вработените, човечки ресурси и управување со ризик. Наредните 12 години тој работи во секторот за бенефиции за вработените со неколку големи национални компании и две високо-рангирани консултантски фирми со седиште во Чикаго. Во својата кариера има започнато повеќе бизниси, вклучувајќи увоз на минералната вода Пелагонија, сопственик е на ресторан, како и основач на Communicare кој што претставува еден од првите провајдери на интернет-базирани апликации за човечки ресурски. Во 1993 година ја основал групацијата The Naumoff Group, Inc., а веќе во 2007 година ја спојува својата компанија со меѓународната консултантска фирма за надоместоци за вработените и човекови ресурси наречена Benefitdecisions, Inc.

Г. Наумоф и неговата жена Луен живеат во Чикаго и имаат шест деца од кои двете
ќерки, Марија и Мирјана, се посвоени од домот за деца без родители во Битола во 1999 година на двегодишна возраст. Нивните два сина, Николас и Ентони, дипломирале од Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) во 2009 година. Тие сега се на постдипломски студии на УАКС, каде и работат. Николас работи при одделот за вмрежување и комуникација а Ентони е координатор за програмите за студирање во странство. Во своето слободно време, г. Наумоф успева да присуствува на средношколскиот атлетски одбор, и е тренер на 3-кратен среношколски шампионен тим.

Елизабет Наумовски

Од 1997 година Елизабет Наумовски е Заменик-Претседател за Маркетинг во Caldwell Securities Ltd. со седиште во Торонто. До сега дел од нејзините должности биле маркетинг, корпоративни комуникации и односи со јавноста. Наумовски служела на комитетот за маркетинг на канадската Асоцијација за инвестиции. Понатаму, таа е член на Одборот на македонскиот филмски фестивал, поранешен член на Одборот на канадскиот Motorsport Hall of Fame. Таа има вложено долгогодишни напори за собирање донации за болницата Принцеза Маргарет и Институтот за истражување на рак на дојка на фамилијата Кембл. Била телевизиски водител и гостин на ТВ Роџерс. Во 2009 година се искачила на активниот вулкан Стромболи во Северна Сицилија.

 

Џим Павле

Џим Павле е извршниот директор на национална невладина организација -Treatment Advocacy Center, која има за цел да ги намали правните бариери при укажување помош на лицата со тешки ментални заболувања. Неговата досегашна кариера вклучува застапување на индустријата за природен гас и маркетинг услуги за правни фирми. Дипломирал на Универзитетот Јеил и на Флечер школата за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс. 

 

Крис Станвик

Крис Станвик е роден во Бронте, Онтарио, Канада во 1957 година. Својата диплома во деловни студии ја добил во 1979 година од Колеџот Хумбер. Подоцна работел во компанија за македонски увоз-извоз до 1985 година. Оттаму, г. Станвик продолжува во Kraft Foods занимавајќи се со продажба и маркетинг каде добива мноштво награди и пофалби.

Во 1996 година, г. Станвик, неговиот брат Том и нивниот татко Коста, отвараат установа за производство на сирење што резултира со основањето на компанијата Triple “A” Cheese Co. Ltd. Во почетоците, г. Станвик е задолжен за прозводството на сирење како и за продажба и маркетинг и неговиот труд е награден со сертификат од Универзитетот Гуелф во 2000 година. Компанијата досега има постигнато голем успех, а г. Станвик е задолжен примарно со продажба и маркетинг активности.

 

Томас Танеф

Томас Танеф е дел од адвокатскиот бар на Охајо од 1988 година и  адвокат 23 години. Дипломирал при државниот универзитет во Охајо и на правниот факултет при универзитет Капитал.  Г-дин Tтанеф работел како судски службеник, а потоа и како судија во општината Френклин.  Г-дин Tанеф има специјализирано во правните области за имот, данок, недвижнини, старателства, посвојувања во државата Охајо како и меѓународни посвојувања.  Г-дин Tанеф има работено на повеќе од 2,000 усвојувања, и  му била доделена награда за усвојувања од страна на конгресот на САД во 2005 година.  Исто така, Г-дин Tанеф бил избран за супер адвокат во Охајо во 2011 и во 2012 година. Понатаму, списанието Колумбус СЕО, на Г-дин Tанеф во 2011 и 2012 година му има доделено награда за најдобар бизнис на адвокатски фирми под 50 години. Г-дин Tанеф  е пензиониран почесен конзул на Македонија во САД, а служел и како финансиски претседавач на кампањата на судијата  Роберт Монтгомери.

Глигор Ташковиќ

Глигор Ташковиќ е најпознат на јавноста по неговиот успешен двегодишен мандат како Министер за странски инвестиции на Република Македонија, а во моментот работи за Platinum Management (NY) LLC. Во својство на министерската функција тој има пропатувано 40 земји ширум светот информирајќи ги меѓународните компании за придобивките поврзани со релоцирање на нивното европско производство, монтажа, и други фунции во Република Македонија.

Претходно, г. Ташковиќ бил извршен потпретседател за односи со медиумите и Валада за Транс-балканскиот нафтоводен проект на АМБО, ДОО (Албанско-македонско-бугарска нафтена корпорација) вреден 1.5 милијарди долари, кој има за цел да ги поврзе Црното и Јадранското море простирајќи се низ Македонија, Бугарија и Албанија.

Понатаму, од 2001 до 2006 година, г. Ташковиќ работел како истражувач и консултант за перење пари и финансирање терористички операции за корпорацијата First Data. Во 2004 година, г. Ташковиќ бил именуван за пратеник во програмата за лидери во Американско- јапонската фондација. Понатаму, тој бил еден од основачите на американскиот истражувачки центар во Софија; член е на советодавниот одбор на инвестиционата банка MC Capital во Сиднеј, Австралија; член на комитетот Bretton Woods и неговиот Меѓународен совет; претставува еден од основачите на американско-македонскиот деловен совет, а во 2004 година го завршил својот пет годишен мандат во Советот за меѓународни односи (САД). Ташковиќ за време на својата дипломатска тура успешно остварил дипломатски односи помеѓу Македонија и Малта (1993), Ангола (1993), Узбекистан (1994) и во Грузија (2001) во обидот Македонија да биде признаена од страна на меѓународната заедница.

Своите додипломски и постдипломски студии г. Ташковиќ ги има завршено на Универзитетот Корнел. По завршувањето на своите студии, тој продолжил да биде активен на Универзитетот станувајќи најмладиот член на Управниот одбор на Универзитетскиот совет. Покрај англискиот, има познавање од повеќе јазици како што се: француски, латински, шпански, македонски, бугарски, и деловен јапонски.

Николас Тау

Николас Тау е управник и програмски директор на лихтенштајнската Фондација за меѓународна музика и умоетност. Тој има искуство во театарско управување, архитектура и деловен консалтинг. Своите додипломски студии по архитектура ги има завршено на државниот Универзитет на Њујорк во Бафало, а постдипломските на  шкотскиот Универзитет во Глазгов. Г. Тау има служено на Извршниот комитет на националниот совет на операта Глимерглас и бил заменик-претседател на Советот на соработници на библиотеката Пјерпонт Морган. Понатаму, бил член одборот на Њујоршката државна историска асоцијација како и на Светскиот фонд за споменици како и на повеќе уметнички асоцијации од кои би го споменале и  Македонскиот уметнички совет. Своето време го дели помеѓу Скопје и Мајами Бич, Флорида. 

Лу Влашо

Лу Влашо има кариера од половина век како извршен директор на чело на компании кои што се наоѓаат на листата на Форбс. Тој е и претпприемач со значително деловно искуство во мали бизниси. Г. Влашо е сертифициран сметководител и во 1982 година е избран за претседател на светскиот Институт за сметководители. Во последните педесетина години своето слободно време го има вложено во мноштво граѓански организации во општините каде што живеел.

Во 2007 година бил назначен за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави. Конзуларното претставништво во Неапол било официјално отворено во фебруари 2008 година. Истата година, како признание за неговиот труд и добротворни напори му била доделена награда од одредот на Св. Станислав во Македонија. Тој е активно инволвиран во Националниот молитвен појадок кој што се оддржува секоја година во Вашингтон. Неговиот труд во организирањето на ‘Балканскиот ручек’ за време на Националната молитвена недела во Вашингтон е од исклучителна важност. Тој ко-претседава со годишниот Балкански ручек заедно со поранешниот Сенатор Воиновиќ од Охајо, настан на кој што годишно присуствуваат околу 100 претставници од балканскиот регион.

Роден е во Кантон, Охајо а повеќе од 25 години има живеено во Троја, Охајо и Грин Беј, Висконсин. Во моментот, живее во Неапол, Флорида каде го надгледува ресторанот Виргина. Тој има два сина со својата покојна жена од 38 години; Винс кој што живее во Вашингтон со својата жена и деца а има дипломирано на американската Поморска академија, и Стив кој што живее во Лос Анџелес и има дипломирано на државниот Универзитет во Охајо.