ОМД Австралија

Од создавањето на ОМД, австралиско-македонската заедница игра важна улога во креирањето на основите за професионални граѓански организации.  ОМД се надева дека врз основа на ова ќе се надгради со привлекување на младите и истакнати професионалци коишто имаат капацитет и желба  за унапредување на македонската заедница во Австралија и во светот.

Додека меѓународната канцеларија на ОМД е со седиште во Вашингтон, огранокот во Австралија е од исклучителна важност со оглед на фактот дека Австралија е дом на една од најголемите емигрантски заедници на Македонците надвор од Македонија, чиј број изнесува од 250 до 300 илјади луѓе.  Македонците пристигнувале во Австралија во неколку наврати почнувајќи од 1900-та година.  Македонците во Австралија се основа на односите меѓу Австралија и родната земја Македонија.

ОМД  за Австралија е регистрирана асоцијација со седиште во Мелбурн, Австралија.

За да научите повеќе за историјата, целите и предизвиците на Македонците во Австралија, Ве покануваме да прочитате повеќе во Извештајот за 2012-та објавен во август од Австралискиот истражувачки совет ’’Линкеиџ проџект’’ насловен како ’’Македонската дијаспора во Австралија: сегашни и потенцијални врски со татковината’’. Ве молиме кликнете ТУКА за да го превземете извештајот.

Волонтери за ОМД Австралија

ОМД Австралија е запознаена  за зголемениот број на австрлиски Македонци од сите возрасти и нивни пријатели коишто за заинтересирани за унапредување на Македонската кауза со поддршка на некоја од програмите на ОМД. Волонтерството е одлична можност за вклучување и придонес кон развојот на македонската заедница во Австралија и во Македонија и односите меѓу двете држави.
Придобивките од волонтерството се многубројни. Преку волонтерството можете да направите нешто за Македонската кауза, да запознаете интересни и почитувани членови на македонската заедница и да земете учество во многу настани. Волонтерите имаат можност да работат во широк спектар на кампањи и проекти, помагање при образовните кампањи, спроведување на проекти за развој на заедницата, медиумски проекти итн. Постојат можности за волонтирање во: општествена вклученост, односи со власта, медиуми, кампањи, младински работи и развој на лидерството.

Ако сте заинтересирани за волонтерство, Ве молиме испратите е-маил на [email protected]