Pismo isprateno od francuski pratenik do Sarkozy za Makedonija

Tuesday, 16 November 2010

 15ти ноември, 2010 г. – Парис, Франција – Францускиот пратеник и Градоначалник на Каен, Филипе Дурон, на 5ти ноември 2010 испрати писмо до Претседателот на Франција Никола Саркози барајќи цврста поддршка од страна на Франција за членството на Македонија во НАТО.  “Во сите моите патувања во Република Македонија, ја увидов желбата на оваа млада држава да се приклучи на европските и меѓународните организации. Ова е едногласна желба на политичката класа, како и на огромно мнозинство од населението,” вели Дурон кој е Претседател на групата за парламентарно пријателство на Нациналното собрание на Франција со Република Македонија.

“Интеграцијата на Република Македонија во НАТО ке придонесе за процесот на стабилизација на земјите од Југоисточна Европа и зајакнување на безбедноста во Европа…. Франција подобро од било која друга земја, со своето пријателство со Грција и со големата почит што ја добива од Македонија може да ги смири тензиите и да се убедат Грција да спречите проблемот со името за прием во НАТО,” додадува во писмото пратеникот Дурон.

Преку нашето претставништво во Парис, ОМД работи да ги зајакне билатералните односи помеѓу Франција и Македонија.  ОМД му се заблагодарува на господинот Дурон за неговата силна поддршка за членството на Македонија во НАТО. 

Прв дел од писмото – http://umdiaspora.org/images/DMUlettrePhilippeDuronNicolasSarkozyPartie1.jpg
Втор дел од писмото – http://umdiaspora.org/images/DMUlettrePhilippeDuronNicolasSarkozyPartie2.jpg

Профил на пратеникот Дурон – http://www.assemblee-nationale.fr/13/tribun/fiches_id/1226.asp

Станете член на Обединета Македонска Дијаспора денеска!